Русите минатиот месец на Твитер предложија AstraZeneca да ја испроба комбинацијата.
"Спутник V е среќен што може да сподели еден од двата вектори со AstraZenecа за да ја зголеми ефикасноста на нејзината вакцина. Комбинацијата на двата различни вектори од двете вакцини ќе резултира со поголема ефикасност отколку само еден вектор", рекоа руските експерти на 23 ноември.
AstraZeneca денеска објави дека разгледува како да се пристапи кон комбинацијата и дека наскоро ќе започне тестирање во соработка со рускиот институт Гамалеја, каде е развиена вакцината Спутник V.
Студија објавена оваа недела покажува дека вакцината на АстраЗенека, изработена во соработка со Универзитетот Оксфорд, е ефикасна 70,4 проценти. Русија објави дека ефикасноста на Спутник V е 92 проценти.
„Тоа ја покажува силата на Спутник V и нашата подготвеност и желба да соработуваме со други партнери во борбата против ковид-19“, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд РДИФ, кој го финансирал развојот на Спутник V.