Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне - Канал 5

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

Астон вила остварила преговори со застапниците на фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, пишува „Sky Sports“.

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

На почетокот на април, 33-годишниот Белгиец најави дека на лето ќе го напушти Сити, каде што играше од 2015 година.

Де Брујне оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и осум асистенции.

На четири кола пред крајот на сезоната во англиската фудбалска Премиер лига, Астон вила има 57 бодови и е во конкуренција за освојување место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Неполна година по формирањето на Владата, големата лагата наречена „Горда Македонија“ се распаѓа пред очите на граѓаните. 

СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чуствуваат, целосна нефункционалност на пазарџиска Влада која работи само за лични интереси.

Вчера на површина излезе вистината која ја говориме од првиот ден. ВМРО-ДПМНЕ е без план и концепт, нивната Влада работи само за свои лични интереси. Таа од прв ден функционира како машинерија за пазарење – кој ќе добие директорско место, кој ќе добие тендер, кој ќе вработи повеќе свои. Ветувањата од кампањата буквално како да никогаш не биле дадени.

Излегувањето на Алијанса за Албанците е првото официјално признание на владините партнери дека оваа Влада не води никаде. Признание дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се коалиција од интерес. Таа е склопена од луѓе што не веруваат еден во друг, немаат заеднички планови и политики, туку само личен интерес.

Оваа Влада сама себе се јаде одвнатре, а граѓаните се тие кои трпат заради тоа. А додека тие се занимаваат само со функции и политички интереси, граѓаните преживуваат. Животот поскапува секој месец. Платите не мрдаат. Институциите се нефункционални. Нема ниту еден вистински проект, ниту една сериозна реформа. Економијата стагнира, младите се иселуваат, а Владата се гоштева на сметка на народот.

Почитувани граѓани,

Секој што останува дел од оваа коалиција, свесно ја продолжува штетата. Останува за тендер. Останува за функција и одржување на Влада која докажа дека работи само за себе, не за граѓаните.

Македонија нема време за експерименти и лажна стабилност. Оваа Влада мора да си замине, затоа што не постои држава што може да се опорави додека на власт е група калкуланти и политиканти.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа власт, но уште поважно – ќе продолжи да се подготвува да ја врати одговорноста, визијата и редот во државата. Затоа што Македонија заслужува вистинско раководство, а не пазарна коалиција од интерес.

Прес-конференција, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ

YouTube video

Скопје, 14 мај 2025

СДСМ

Главниот обвинител на МКС се соочува со притисок поради обвиненија за сексуално злоставување

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан се соочува со сè поголем притисок поради обвиненија за сексуално злоставување

Главниот обвинител на МКС се соочува со притисок поради обвиненија за сексуално злоставување

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан е под сè поголем притисок поради извештаите кои дополнително укажуваат на сериозноста на обвиненијата за сексуално недолично однесување кои против него ги изнесе помлад колега, јави Еуроњуз.

Кан, кој е главен обвинител на МКС од 2021 година, е обвинет дека присилил асистентка во хотелска соба во Њујорк во декември 2023 година, според извештај на Волстрит Џурнал.

Инцидентот се истражува како дел од наводна шема на несоодветно допирање, вознемирување и присилен сексуален однос кој Кан го извршил против обвинителка.

Асистентката, адвокатка од Малезија во триесеттите години, тврдела дека Кан дополнително ја присилил на сексуален однос против нејзина волја додека била на мисии во Њујорк, Колумбија, Конго, Чад и Париз, како и во неговата резиденција во Хаг, според нејзиното сведочење кое го прегледа американскиот медиум.

Адвокатите на Кан изјавија дека сите обвиненија за сексуално насилство или недолично однесување се „категорично невистинити“.

Обвиненијата беа предмет на надворешна истрага на крајот од минатата година. Претходна внатрешна истрага беше затворена во рок од пет дена без никакви мерки.

Едно од прашањата што се врти околу случајот е прашањето за времето на издавањето на налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант – потег кој го санкционираше администрацијата на Трамп.

Тој налог беше издаден само две недели откако обвиненијата против Кан беа формално изнесени.

Критичарите на истрагите на судот за Израел поставија прашање дали Кан презел невидена акција во обид да го подобри својот имиџ соочен со претстојниот скандал – особено по неколку месеци критики поради наводната неактивност на Меѓународниот кривичен суд додека Израел ги засилуваше нападите врз Газа.

Израел побара судот да ги повлече налозите за апсење против Нетанјаху и Галант и да ја откаже истрагата за израелските злосторства во Газа и на Западниот Брег.

Адвокатите на Кан ги негираа тврдењата дека налогот за апсење и обвиненијата за сексуално недолично однесување се поврзани. Кан, пак, изјави дека случајот против него бил дел од поширок обид за дискредитација на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Извештајот на Канцеларијата за внатрешна контрола на Обединетите нации за наводното недолично однесување на Кан се очекува во наредните месеци.

Тојота купува пропаднат кинески бренд!

Тојота често е критикувана за бавниот влез на пазарот на електрични автомобили. Сепак, конечно почнува да инвестира повеќе во нив, со посебен акцент на кинескиот пазар.

Тојота купува пропаднат кинески бренд!

Следниот логичен чекор за јапонскиот производител на автомобили би можел да биде аквизицијата на еден од многуте мали, проблематични кинески брендови на електрични возила, во овој случај – „Нета“.

Основана во 2014 година, „Нета“ произведе неколку генерички модели, вклучувајќи го спортскиот автомобил „GT“, седанот „S“ и елегантниот спортски караван „S Hunting Edition“. Сепак, компанијата се соочува со значителни финансиски предизвици од средината на 2024 година, што доведе до запирање на производството и отпуштања на работници.

Во февруари, „Нета“ обезбеди прилив на ново финансирање од 552 до 621 милион долари, но договорот беше условен со продолжување на производството, што не се случи, па инвестицијата пропадна.

Се чини дека Тојота сега бара можност да ги преземе средствата и производството на Нета. Според извештајот на кинеската компанија „Куаи Технолоџи“, „Тојота“ размислува да ја купи „Нета“.

Иако засега нема детали за тоа колку би можела да чини оваа аквизиција, проценката на „Нета“ претходно оваа година беше околу 828 милиони долари. Тоа е ситница за Тојота, која пријави повеќе од 130 милијарди долари готовина на крајот од 2024 година.

Вреди да се напомене дека Сју Јиминг, директор за комуникации на Тојота во Кина, негираше дека знаел за интересот на компанијата за купување на Нета, објавува КарЊуз Кина.

Доколку Тојота одлучи да ја направи аквизицијата, ќе добие не само средствата и технологијата на Нета, туку и подобро разбирање на конкурентниот кинески пазар и технологијата за електрични автомобили. Во 2024 година, Нета продаде 64.500 возила, но до јануари оваа година продаде само 110. Најблаго кажано - драматичен пад.

Извор: Б92

притисни ентер