ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
ФормулаАстон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за ВерстапенИзвршен директор и тимски шеф на Астон Мартин, Енди Кауел, одби да одговори на прашањата за интересот на тимот за возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.Функционерот ги игнорираше прашањата за Верстапен и гласините дека на возачот му е понуден договор вреден една милијарда фунти. - Имавме среќа со возачите. Ленс Строл и Фернандо Алонсо се многу искусни момци и имаме долгорочни договори со нив. Главната цел на тимот сега е да изгради брз болид, што не успеавме да го направиме минатата година. Уверен сум дека Строл и Алонсо ќе успеат ако им дадеме конкурентна опрема, изјави Кауел за „Crash.net“. Минатата сезона Верстапен стана четирикратен шампион во Формула 1. Тој вози за Ред Бул од 2016 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојбаВенко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси. Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки. Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија. А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси. Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“. На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Салата со пестоВо петок (25.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Александра Илиевска.Состојки за денешниот рецепт: 2 - 3 домати свежа рукола една кеса 1 кромид тегличка песто 100 гр. сирење малку сусам Омлет 4 јајца 100 гр. сирење маслиново масло малку сусам сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook