АвтомобилизамАстон Мартин ја претстави новата верзија на DB12 (ВИДЕО)Подобрите познавачи на Aston Martin ќе разберат кога ќе им се каже дека се работи за модел DB12 во верзијата Volante.Очекувано, Aston одлучи да лансира кабриолет верзија на моделот, со покрив од ткаенина. Верувале или не, има осум слоеви ткаенина, па изолацијата на бучавата е исклучителна. Исто како што доликува на чистокрвен GT. Преклопувањето на покривот трае 14 секунди, додека за подигнување уште две секунди. Единствен услов е да возите со брзина до 50 km/h. Добро е што можете да го преклопите покривот дури и кога сте надвор од автомобилот, со притискање на копче на далечинскиот управувач. Овде границата е растојанието од автомобилот, кое не смее да надмине два метри. Астон Мартин сè уште не е првиот избор на позерите, но тоа е автомобилот избран од естетите и перфекционистите желни за целосно уживање во возењето. Што се однесува до покривот, да кажеме дека стандардно се испорачува во црна боја, а се нудат и црвена, сина и црно-сребрена варијанта. Секако, тука е и програмата за персонализација Q која ја исполнува секоја желба. Како и купето, така и ова има 4.0 twinturbo V8 мотор со 680 КС и 800 Nm под хаубата. До 100 km/h стигнува за 3,7 секунди, а не застанува до 325 km/h. Тука треба да се споменат и осумстепениот автоматски менувач, електронската задна суспензија, дисковите со пречник од 400 mm напред и 360 mm назад, опционално изработени од керамички композит со карбонски засилувања. Понудата вклучува нова генерација на инфозабава со екран од 10,25 инчи, како и аудио систем Bowers & Wilkins со 15 звучници со моќност од 1170 W. Цената не е објавена, но реално е да се очекува почетна од околу 240.000 евра. Првите испораки се очекуваат до крајот на годинава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter