Астероид со големина на автомобил за малку ја промашил Земјата - Канал 5

Астероид со големина на автомобил за малку ја промашил Земјата

Астероид со големина на автомобил летал на околу 2.950 километри од Земјата во неделата.

Астероид со големина на автомобил за малку ја промашил Земјата

Според каталогот составен од Астрономската опсерваторија Сормано во Италија, ова е досега најблизок запишан премин на астероид.

Ова вселенско тело поради неговата големина најверојатно не би претставувало опасност за луѓето на Земјата во случај да ја погоди нашата планета. Но, она што загрижува е што астрономите го забележале додека веќе не поминал.

„Астероидот се приближуваше од правецот на Сонцето. Не го видовме како доаѓа“, изјави Пол Чодас, директор на Центарот за проучување на објекти што минуваат во близина на Земјата на НАСА, за Business Insider.

Експертите од опсерваторијата Паломар во Калифорнија го забележале овој астероид околу шест часа откако поминал покрај Земјата.

Според податоците на телескопот, астероидот бил широк меѓу 2 и 5 метри, некаде помеѓу големината на автомобил и помал камион. Дури и да беше голем пет метри и изработен од густо железо (повеќето астероиди се карпести), само неговите помали фрагменти може да стигнат до земјата во случај да влезат во атмосферата.

Таков астероид би експлодирал во атмосферата, ослободувајќи иста количина на енергија како и атомската бомба што ја исфрлиле САД кон Јапонија во 1945 година. Но, тој настан ќе се случи на околу четири километри над нашите глави, така што во тој случај бучавата од експлозијата немало да звучи погласно од сообраќаен метеж.

YouTube video

Затоа, доцното откривање на овој астероид не е нешто проблематично, но ќе имаме голема неволја ако на овој начин помине поголема вселенска карпа.

На пример, познат е случајот со астероид со дијаметар од 20 метри, кој исто така без предупредување експлодирал во 2013 година над рускиот град Чељабинск. Оваа вселенска карпа ослободи енергија за време на експлозијата како 30 нуклеарни бомби од Хирошима. Иако астероидот експлодирал на околу 20 километри над Земјата, шок-бранот на експлозијата ги разнишал прозорците во шест руски градови и повредил околу 1.500 луѓе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонскиот весник Спорт објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерс титули, ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ нагласи дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности.

„Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со знамето на Србија на рамената“

Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во мојот живот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат.

Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го сменив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе успеам до следните Олимписки игри и да ја заврши кариерата со српското знаме на рамената.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство

Три лица загинаа во пукотница што се случи вчера навечер на Исла Кристина на југот на Шпанија, а четвртото лице е во критична состојба.

Масакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство

Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка. Напаѓачот избегал по нападот, пишува Euronews.

Според локалните медиуми, мажот се возел со мотоцикл до семејната куќа во областа Росио, отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени лица биле пронајдени на улица, а четвртото лице, кое било тешко повредено, било пренесено во болница.

Истрагата е фокусирана на семејна одмазда

Истражителите го поврзуваат случајот со конфликт меѓу две семејства што започнал во септември минатата година, кога еден маж бил убиен во Хуелва. Трите жртви од пукањето во неделата се поврзани со осомничениот за тоа убиство. Станува збор за неговата сестра, мајка и внук.

Двете семејства оттогаш имаа неколку насилни судири, а едно пукање веќе е регистрирано во истата област во Исла Кристина. Затоа, главната претпоставка на полицијата е дека нападот бил чин на одмазда за тоа убиство.

Цивилната гарда и локалната полиција во поширокото подрачје спроведуваат обемна потрага по напаѓачот, кој сè уште е во бегство. На терен се распоредени силни полициски сили, а истрагата продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули.

Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата Куќа.

Од Даунинг стрит не сакале да навлегуваат во детали, повикувајќи се на националната безбедност. извори запознаени со случајот, сепак, тврдат дека разменетите пораки немале значајна или чувствителна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер