Оваа оддалеченост е речиси двојно помала отколку оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината. Астероидот денеска сигурно ќе ја одмине нашата планета , но НАСА смета дека во иднина може да претставува ризик , особено ако се земе предвид неговата должина меѓу 7,5 и 30 метри.
Научниците на НАСА овој астероид , што е откриен доста доцна , на 9 април , го ставиле на листата на астероиди , што би можеле да се судрат соЗемјата во наредните 100 години.
Овој астероид , според пресметките на НАСА, со оглед на неговата орбита , би поминал покрај Земјата во 2034 , 2041 и 2048 година.