Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
2Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
ТехнологијаАстероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг ноќеска ќе прелета покрај Земјата Според податоците на НАСА, астероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг вечерва ќе прелета покрај Земјата, но нема да се приближи доволно за да предизвика проблеми, објави Дејли Меил.Вселенскиот камен, именуван 418135 (2008 AG33), ќе се приближи на околу два милиони милји од планетата, што е приближно осум пати од растојанието од Земјата до Месечината. Кога ќе влезе во орбитата на Земјата и ќе ја достигне најблиската точка, астероидот ќе се движи со брзина од 23.300 милји на час (37.497 km), или околу 30 пати поголема од брзината на звукот. Карпата е со дијаметар до 2.560 стапки (780 метри) и НАСА ја идентификуваше како потенцијално опасна, која најблиску ќе се доближи до нашата планета ја вечерва во 22:46 часот по средноевропско време. Иако 2 милиони милји можеби звучат како огромно растојание, во космичка скала тоа е исклучително блиску, во рамките на орбитата на Земјата. Поради оваа причина, НАСА смета дека секој астероид што ќе се приближи толку блиску е потенцијално опасен – вид на објект блиску до Земјата што може да претставува ризик за животот на Земјата. НАСА смета дека секој објект кој се наоѓа на помалку од 120 милиони милји од планетата е блиску до Земјата (НЕО), и секој објект кој е на растојание помало од 4,65 милиони милји е „потенцијално опасен". Астероидот 418135 (2008 AG33) не е нов – тој првпат беше откриен во јануари 2008 година од астрономите во Mt Lemmon SkyCenter во Аризона, а последен пат се приближи до Земјата во март 2015 година, прелетувајќи покрај неа на секои седум години. Според НАСА, неговиот следен близок лет нема да се случи до мај 2029 година, освен ако нешто не ја промени неговата орбита, но тоа е малку веројатно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отвореноНа возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури. Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Неготино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter