Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.
2 Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.
3ВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата
СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
1СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
ЗдравјеАСО: Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании.Под мотото „Солидарноста живот спасува“ крводарители од АСО и од десет осигурителни компании органзираа акција која медицинските лица и претставниците на Црвениот крст ја оценија како многу успешна и една од најмасовните на територија на Град Скопје Над 60 единици крв даруваа вработени во АСО и во осигурителните компании во крводарителската акција што по повод Денот на осигурувањето – 1ноември, за прв пат ја организираше Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Медицинскиот персонал на Институт за трасфузиона медицина и на претставниците на Црвениот крст кои ја спроведоа оваа акција ја оценија како исклучително успешна и воедно потенцираа дека е една од најмасовните на територијата на Град Скопје. Иницијативата на вработените во АСО за дарување крв ја поддржаа и крводарители од осигурителните компании и во неа земаа учество крводарители вработени во „Македонија осигурување ВИГ“, „Еуролинк“, „Кроација осигурување – неживот“, „Сава осигурување“, „Евроинс осигурување“, „Кроација осигурување – живот“, „Винер Лајф“, „Прва живот“, „Граве“ и „Триглав осигурување - живот“. Меѓу крводарителите на акција што се одржа вчера во просториите на АСО беа и Крсте Шајноски, претседателот и Злате Симоновски член на Советот на експерти при АСО. Шајноски се заблагодари на сите крводарители за масовниот одзив и истакна дека мотив за оваа акција на АСО бил принципот на солидарност кој е постулат и водилка на осигурителната дејност. И токму неговото значење го докажале преку масовното дарување крв по повод денот на осигурувањето – 1ноември. Во рамки на своите активности по повод Денот на осигурувањето, покрај крводарителската акција, годинава АСО огранизираше едукативни средби со ученици и граѓани, а традиционално додели и награда за најдобар научно-истражувачки труд од областа на ризиците и осигурувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Македонија е во економски ќор-сокак Владата на Христијан Мицкоски, составена од тендер коалицијата - ВМРО и ЗНАМ, ја доведе државата во сериозна економска и политичка криза, а сите показатели покажуваат дека се подготвуваат предвремени избори.Економијата е во слободен пад. Инфлацијата ги изеде платите, цените на основните производи континуирано растат, а минималната плата не е зголемена. Во исто време, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години, а буџетот е празен. Нема пари ниту за тековните обврски, ниту за криминалните тендери кои се потребни за збогатување на организираната криминална група. Додека за себе и за своите семејства обезбедија бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, наместо да создава услови младите да останат во земјата, Мицкоски увезува работна сила од трети земји. Ова не е развојна политика - ова е признание за неуспех. Реконструкцијата на Владата е чист театар. Наместо реформи, добиваме ротација на истите лица и исти политики. Реформската агенда е во застој. Додека Црна Гора доби пакет од 3,2 милијарди евра, Македонија ризикува да изгуби значителен дел од европските средства поради неисполнување на реформските чекори. Парите од ЕУ нема да дојдат ако не се спроведат реформите а оваа Влада очигледно не е способна да ги спроведе. Буџетот е пред колапс. Не се знае до кога ќе можат да се задолжуваат. Кога ќе нема повеќе пари за „своите“ тендери, ќе бидат принудени на предвремени избори. Мицкоски веќе ја укина техничката влада и сега сака да го протурка изборниот закон кој отвора можност за изборна кражба. Во исто време, подготвува нова политичка опција - платформата за иднината (ЗНАМ 2.0) чија единствена цел е да одземе гласови од опозицијата. Загубата од преку 150.000 гласови и драстичниот пад на рејтингот се аларм за забрзани подготовки за избори. Ова не е стабилност - ова е паника на Тендер коалицијата. Партнерот што, служеше како сателит на ВМРО и на Мицкоски - ЗНАМ, се распадна. Повеќе не постојат ниту во анкетите, ниту на терен. Секојдневно ги напуштаат членови. Најпрво ја изневерија својата партија, а потоа и своите гласачи. Сега им е потребен нов политички субјект, што ќе глуми опозиција, за да се обидат да ги поделат и расцепкаат опозициските гласови, а по изборите повторно да му послужат на Мицкоски како нов „сателит“. Како што рековме, кога ќе снема пари, Мицкоски ќе распише избори. Скопје, 04.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста.Овој ден претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок заснован на слобода, легитимитет и владеење на правото. Во изминатите два и пол века, САД се етаблираа како глобален носител на демократскиот плурализам, институционалната отпорност и политичката предвидливост, со силно влијание врз обликувањето на меѓународниот систем и современите демократски стандарди. Република Македонија високо го вреднува своето стратешко партнерство со САД, кое претставува темелна оска на нашата надворешна политика и клучен фактор за стабилност, безбедност и за процесот на приближување кон евроатлантските структури, врз основа на заеднички вредности како демократија, владеење на правото и институционален интегритет. Во овој контекст, посебно ја нагласувам улогата на реформите во јавната администрација како суштински столб на современото државно управување. Поддршката и соработката со САД во насока на јакнење на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредување на доброто управување претставуваат значаен импулс за создавање ефикасни, транспарентни и сервисно ориентирани институции. Упатувам искрени желби за понатамошен развој, единство и просперитет на американскиот народ. Со почит, Горан МинчевКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државатаЕвропската комисија ја демантира реториката на СДС за реформите.Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати. Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок. Дополнително, Европската комисија предлага реалокација на средства од Планот за раст, при што поголем дел од финансиската поддршка треба да биде насочен кон земјите што покажуваат најдобри резултати. Тоа е признание за сработеното, но и можност Македонија да обезбеди дополнителни средства за развој. Токму затоа е неразбирливо зошто СДС продолжува со политички блокади на законите што произлегуваат од Реформската агенда. Со секоја опструкција на СДС и Левица не се попречува Владата, туку се попречува исполнувањето на обврските на државата и се ризикуваат можностите што ги отвора Планот за раст. Ги повикуваме СДС и Левица да ги остават дневнополитичките интереси настрана и да покажат државничка одговорност. Законите што се дел од Реформската агенда, вклучително и Изборниот законик, треба да добијат поддршка затоа што се во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија. Реформите носат резултати. Тоа денес го потврдува Европската комисија. Време е сите политички чинители да престанат со блокади и да застанат зад интересите на државата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30