Асмир Јахоски излегува од притвор - Канал 5

Асмир Јахоски излегува од притвор

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважи жалбата на осомничениот А.Ј.

Асмир Јахоски излегува од притвор

Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари, во корист на Македонија.

Истовремено спрема осомничениот А.Ј. од С. се определени мерки на претпазливост:

– обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице во Основен кривичен суд Скопје, и

– привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа

При одлучувањето Судот го имаше предвид претходно прибавениот позитивен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција.

Делот од гаранцијата понуден и прифатен во готови пари од 72.000.000,00 денари претставува паричен износ еднаков на претпоставената штета за која осомничениот се сомничи дека ја сторил во конкретниот кривично правен настан.

Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, се наведува во соопштението со кое се ослободува од притвор Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко петрол. Јахоски е осоменичен во истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино.

Во случајот Мазут оопфатени се вкупно 13 лица, меѓу кои и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот.

Првосомничени се сопствениците на РКМ Ратко Капушевски и Ерџан Сулакоски, кои се сомничат за оштетување на државниот буџет за 167 милиони евра при набавка на токсичен мазут кој според извештаите на повеќе институции штетно влијаел врз здравјето на граѓаните.

Кривична за велешанец за кражба на пари и ракија и за кавадарчанец кој му помагал

Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава за велешанец за кражба на пари и ракија и за кавадарчанец кој му помагал, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.  

Кривична за велешанец за кражба на пари и ракија и за кавадарчанец кој му помагал

- ОВР - Кавадарци, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против Џ.Н., на возраст од 32 години од Велес и Ј.Ф., на 22-годишна возраст од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. На 26 јануари 2025, околу 12 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К., на возраст од 55 години од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело, на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена, појаснија од СВР - Велес.

Оттаму додадоа дека Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.

Андоновска: Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, според информациите

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Андоновска: Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, според информациите

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфрктивната клиника во Скопје, а според нејзините информации другиот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките и не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатите три дена соборени се вкупно 756 украински дронови.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија.

- Од 20 часот по московско време на 20 мај до осум часот наутро на 22 мај соборени се 485 дронови, од осум до 20 часот на 22 мај соборени сè уште 159, а од 20 часот на 22 мај до седум часот наутро на 23 мај соборени се дополнителни 112 беспилотни летала, се наведува во соопштението на руското МО.

Украинската армија нападна 15 руски региони и окупираниот Крим.

Најголем број дронови се соборени над Орелска област (197), Курска област (185) и Московската област (109).

Поради нападите привремено е суспендиран воздушниот сообраќај на аеродромите во Владимирска, Калушка, Кострома, Тамбовска, Јарославска, Ивановска и Самарска област и во Нижни Новгород, како и на московските аеродроми Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Стотици летови беа одложени, а голем број патници за полетување чекаа и цел ден.

Поради нападите беше ограничен пристапот до интернет во шест региони, Тула, Липецка, Воронеж, Владимир, Орел и Иваново.

притисни ентер