Асистентот Руи Фарија по 17 години го напушта Мурињо - Канал 5

Асистентот Руи Фарија по 17 години го напушта Мурињо

Манчестер Јунајтед соопшти дека долгогодишниот асистент на тренерот Жозе Мурињо, Руи Фарија, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

Асистентот Руи Фарија по 17 години го напушта Мурињо

Фарија соработуваше со Мурињо од 2001 година и во изминатите 17 години со различни клубови освоија 25 трофеи.

- По многу размислување и со тешко срце одлучив дека е време да тргнам во друг правец. Имам зад себе 17 прекрасни години и неверојатни искуства. Во изминатиов период почувствував дека треба да поминам повеќе време со моето семејство пред да донесам одлука за нов професионален ангажман, истакна Фарија.

И Мурињо не штедеше комплименти за својот долгогодишен соработник за кого вели дека освен професионално го врзуваат и лични, пријателски врски.

- Ќе ми недостигаш пријателе! По 17 години умниот ученик стана фудбалски стручњак подготвен за успешна кариера на главен тренер. Ја почитувам твојата одлука бидејќи знам дека секогаш ќе бидеме заедно, нагласи тренерот на Јунајтед.

Во англиските медиуми Фарија се посочува како еден од можните наследници на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, за што тој доби поддршка и од Мурињо, кој смета дека неговиот асистент има професионален капацитет да ја извршува функцијата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итен апел од македонската амбасада: Внимателност за нашите државјани во Саудиска Арабија

По нападот врз саудискиот аеродром во кој загинаа 12 лица, а над 300 беа повредени, македонската амбасада во Абу Даби го вклучи алармот.

Итен апел од македонската амбасада: Внимателност за нашите државјани во Саудиска Арабија

По нападот врз саудискиот аеродром во кој загинаа 12 лица, а над 300 беа повредени, македонската амбасада во Абу Даби го вклучи алармот- преку итно соопштение апелираат до сите наши државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија да се максимално внимателни и да ги следат безбедносните протоколи. Во соопштението се потенцира строго да се почитуваат официјалните насоки од дирекцијата за цивилна заштита и министерството за внатрешни работи поради серијата ракетни напади и напади со беспилотни летала.

Во клучните безбедносни препораки стои:

-Штом се активира безбедносна вонредна тревога или сирена, веднаш влезете во затворен простор, избегнувајте јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен, чувајте ги телефоните полни и погрижете се уредите да бидат чисти од какви било контроверзни содржини, строго е забрането фотографирање, снимање или споделување видеа од нападите..

Пишува во насоките од македонската амбасада, а за сите итни потреби и асистенција велат дека стојат на располагање преку нивниот контакт број.

Оттаму посочуваат дека ситуацијата има сериозно влијание и на авиосообраќајот, па можни се чести вонредни одлужувања и затоа пред да тргнат кон аеродромот Крал Калид во Ријад, задолжително да се контактира авиокомпанијата за статусот на летот.

Инаку јеменските бунтовници Хути кои имаат поддршка од Иран, повторно ги предупредија авиокомпаниите и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно.

Меѓу 12мината кои загинаа во вчерашниот напад има и американски државјанин, што предизвика реакција од претседателот на САД Трамп кој најави дека се разгледува опцијата да се приклучат кон саудиските напади врз Хутите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернатива

Два месеца откако првата сирена на локомотивата го најави неговото враќање, градскиот воз полека, но сигурно станува дел од секојдневието на скопјани.

Градскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернатива

За жителите кои живеат покрај железничката траса веќе станува и навика, оти велат е поинтересна и попрактична транспортна алтернатива.

Дел од нив не паметат кога пред градскиот воз, последен пат се возеле на шини – патувањето велат е сосема поразлично, евтино, брзо и удобно, а притоа да не го изгубат целиот ден патувајќи...

За други, пак, возот денеска беше можност за празнична прошетка, посета на пријатели или на некој од околните манастири. Велат, брзата железничка врска била мотив плус да излезат од дома и денот да го поминат поинаку.

Најголема возбуда, очекувано, кај најмалите. И денеска забележавме родители кои ги носеа своите деца на возење со воз. За тинејџерите од Зелениково пак тој веќе е дел од секојдневнието, превоз до училиште, како и за почести прошетки.

Во текот на денот оваа линија од Скопје до Зелениково, каде повратна карта е 70 денари ја користат околу 300 граѓани, половина од нив веќе имаат и месечни билети. Машиновозачите и кондуктерите велат дека интересот е се поголем. Железницата во земјава, како и во целиот свет велат треба да стане примарен, а не алтернативен транспорт.

Граѓаните дополнително сметаат дека градскиот воз би бил уште покорисен со почести поаѓања и подобро усогласен возен ред. Предлагаат и воведување интегриран билет што би важел за целиот јавен превоз, што патувањето би им го направило поедноставно и попрактично.

Сепак, железницата да стане уште попристапна и побезбедна, потребни се дополнителни инфраструктурни подобрувања, особено во однос на сообраќајната сигнализацвија и рампите на железничките премини.

Градскиот воз почна да сообраќа на први септември, со почетокот на учебната година.

На линијата Скопје – Зелениково има по осум поаѓања дневно во секој правец, а патувањето трае околу 25 минути. Оваа линија е првата од трите предвидени, односно втората траса ќе биде од Волково до Транспортен центар и третата од Илинден исто така до центарот на градот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Завршија топлите и сончеви денови..

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер