Асфалтиран уште еден километар од алтернативниот пат кон Калин Камен во кривопаланечко - Канал 5

Асфалтиран уште еден километар од алтернативниот пат кон Калин Камен во кривопаланечко

Во Крива Паланка денеска е завршено асфалтирањето на дел од патниот правец Б’с – Кошари, алтернативен пат кон туристичкиот локалитет Калин Камен. 

Асфалтиран уште еден километар од алтернативниот пат кон Калин Камен во кривопаланечко

-Ова е уште еден дополнителен километар од патот, за што се вложени 14.000.000 денари, за изградба и асфалтирање на крак од локалниот пат Крива Паланка – Варовиште – Кошари – Б’с. Средствата се обезбедени преку Биро за регионален развој, а со овој километар се завршени 50 отсто од целиот проект за изградба на патно поврзување до Калин Камен и развој на туризмот, бидејќи општината има изработено проектна документација за целиот пат,во должина од шест километри. Со претходни проекти на локалната самоуправа беа асфалтирани 2 километри, со вложени 13 милиони денари, што значи, досега за овој патен правец инвестирани се вкупно безмалку половина милиони евра, посочуваат од општината.

Целта на општината е континуирано да вложува во создавање услови за развој на туризмот во Крива Паланка, а кон тоа значаен придонес има и подобрата патна инфраструктура.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

притисни ентер