Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова - Канал 5

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

„Киненова“ ги слави делата на новите филмски автори кои доаѓаат и ги предводат новите бранови во филмската уметност. 

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Со слоганот „Прв филм, осмо сетило“ во текот на следните шест вечери во кината на Синеплекс ќе може да се почувствува моќта на филмот.

Фестивалот синоќа го отворија македонската режисерка Елеонора Венинова и грчката режисерка Асемина Проедру, која се заблагодари на честа да го отвори фестивалот со проекцијата на нејзиниот филм „Зад стоговите сено“.

-Киненова е еден од ретките фестивали во Македонија и во регионот што ги слави првите, вторите и третите долгометражни филмови што за нас авторите е многу значајно. Ова е фестивал кој сака да ризикува и да открива нови филмски автори. Уште повеќе ми е драго што ќе го отвориме заедно со мојата колешка Асемина Проедру од Грција со која се запознавме пред десет години на фестивал во Драма, Грција, каде беа прикажани нашите кратки филмови, а сега десет години подоцна се среќаваме во Скопје на фестивал со нашите први долгометражни филмови, рече Венинова.

Следуваа проекции на краткиот филм на Ѓорче Ставревски „Дали си маж?“ и „Зад стоговите сено“ на Асемина Проедру, а на српскиот актер Бранислав Лечиќ му беше врачена наградата за особен придонес во филмската уметност.

-Филмскиот актер е тој што ги оживува и ги остварува сите замислени емоции и слики на авторот и режисерот. Актерот е тој кој ги носи најсилните пораки преку ликовите кои ги гради и оживува. А нашиот лауреат оживеа мнпгу ликови на филмското платно и со својот став и посебен актерски сензибилитет одбележа едно време на овие простори, беше речено при претставувањето на годинешниот лауреат на наградата за посебен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Наградата на лауреатот му ја врачи директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, кој раскажа дека улогите на Лечиќ ја одбележале неговата младост.

-Во својот уметнички живот кој брои 45 години сум добил многу награди, како млад, во средни години, и театарски, и филмски, и меѓународни, и на домашен терен, и не само во Србија, туку и во целиот регион, но, морам да ви кажам дека оваа награда за мене претставува нешто особено. Таа гласи за посебен придонес во филмската уметност и навистина ми е драго што во таа уметност, која многу ја ценам можам некако да придонесам. Македонија ја сакам и ги ценам вашите уметници бидејќи имате квалитетни филмски уметници и актери. Секогаш сум бил инспириран кога сум се среќавал во вашите уметници и во театар и на филм. Наградите обично се добиваат на крајот од кариерата, тоа се награди кои некако сублимираат и прават некаков круг, собираат некаква работа, но јас оваа награда нема така да ја доживеам. Се чувствувам дека сум во полна сила, што можеби е парадокс, но тоа е навистина мое чувство и оваа награда ќе биде моја инспирација да дадам уште поголем придонес во филмската уметност, рече Лечиќ.

Присутните ги поздрави и Малгоржата Скулска, директорка на полскиот патувачки филмски фестивал „Вистула“, кој од минатата година соработува со Киненова и ја презентира полската кинематографија.

-Прв пат сум во Скопје и многу ми се допаѓа. „Вистула“ ја формиравме пред 16 години и полската кинематографија ја презентиравме досега во 28 држави. Четири полски филмови ќе бидат прикажани на Киненова и ве поканувам да ги погледнете, рече Скулска.

Годинава за филмовите во главна конкуренција ќе одлучуваат членовите на меѓународното жири: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер