Директорот на УЦ, Илир Хасами ги демантира информациите на ВМРО ДПМНЕ за имотот на Водно - Канал 5

Директорот на УЦ, Илир Хасами ги демантира информациите на ВМРО ДПМНЕ за имотот на Водно

Принуден сум да реагирам и да ги демантирам тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ г. Наум Стоилковски, претставени на прес-конференција на 03.03.032020 година, во која се манипулираат факти и аргументи кои се јавни.

Директорот на УЦ, Илир Хасами ги демантира информациите на ВМРО ДПМНЕ за имотот на Водно

Во писмениот демант на доктор Илир Хасани стои:

Изнесените обвинувања се смешни и неосновани и не чувствувам потреба да реагирам, но заради почитувањето на јавноста сакам накратко да ја изложам тенденцијата за манипулација.

Јас, Илир Хасани, со најголема морална и правна одговорност, изјавувам:

Имотот што беше спомнат на конкретната прес-конференција, наводно купена од мене сега, е купен во 2015 година, во време кога не сум бил директор.

Имотот е купен од приватен и законски сопственик.

Овој имот, како и сè друго што го поседувам, во моментот на назначувањето за директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, се наведени во анкетните списоци на Антикорупциска Комисија.

Јас не сум и никогаш не сум бил советник на министерот за здравство Венко Филипче, а бев назначен за координатор на министерот за здравство, за трауматологија и ортопедија како кадар на ДУИ, во времето кога министер беше Арбен Таравари

За мојата работа како директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ, особено за јавните набавки, сум се стремел да бидам што е можно по транспарентен. Сите годишни извештаи се презентирани пред медиумите и јавноста, за секоја година, и истите продолжуваат да бидат објавени

Сите горенаведени точки можам да ги оправдам јавно со редовна документација.

Замолувам, да не се искривуваат фактите за потребите на дневната политика. Како прво, јас сум граѓанин што го почитува законот и како професионалец во мојата работа ги повикувам надлежните органи да ги испитаат сите мои постапки. Со најголема морална и правна одговорност изјавувам дека во ниту еден момент не сум го прекршил законот и сум во состојба да сведочам и да одговорам за се. Моето богатство е плод на мојата работа и на моето семејство, постигнато чесно и неуморно, а нај големо богатство ми се професијата, честа и мојот углед и на моето семејство!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер