Фото: Таа е новата муза на Донатела Версаче

Родена е 1990 година во Рим, се бави со поп музика а нејзините песни се на врвовите на италијанските топ-листи.

Атрактивната пејачка Елоди ди Патрици одамна ги воодушеви Италијанците.

Меѓутоа на нејзиниот изглед не можеше да одолее ни модната куќа Версаче, поточно дизајнерката Донатела Версаче, која токму во нејзе ја пронајде својата нова муза.

Кога во првиот ред на ревијата на Версаче пристигна атрактивната долгонога девојка облечена во кожа, многумина се прашуваа која е таа, но италијаните брзо на сите кои не живеат во границите на нивната земја и ја следат тамошната света им открија з кого станува збор.

Елоди е родена 1990 година во Рим, се бави со поп музика а нејзините песни се на врвовите од тамошните топ-листи. Неодамна настапила и на Санремо и повторно ги воодушевила сите заради нејзиниот изглед. Таа се појавила во креација од Версаче.

-Знам дека изгледам како силна, успешна жена, но сакам луѓето да знаат дека сум сосема обична, наскоро 30 годишна девојка. Многу сум чувствителна и понекогаш се чувствувам кревко, баш како сите други. Но, првенствено сум жена и сакам луѓето да го разбираат секој аспект на мојот живот. Се обидувам да се изразам не само низ музика, туку и со помош на своето тело, облека она што го ценат, рекла Елоди за „Vogue“.

притисни ентер