Шпанија депортирала 26 Албанци

Шпанија депортирала 26 Албанци затоа што ги прекршиле правилата за престој во Шенген зоната или барале азил.

Тие се префрлени во Албанија со чартер лет а полицијата уапсила еден од нив кој дал лажно име на шпанската полиција, пренесе „АТА“.

За него инаку е распишана меѓународна потерница заради трговија со наркотици и членство во криминална организација.

Како што се наведува, полицијата ќе го испорача во Италија.

притисни ентер