Фото: Запознајте го папагалот Дракула

Повеќето луѓе кога ќе се спомене папагал, помислуваат на шаренилото на нивните пердуви.

Сепак, еден вид папагали на своето тело немаат многу шаренило, туку само две бои, црна и црвена.

Станува збор за видот Пескет кој е познат како Дракула.

Тие живеат само во Нова Гвинеја. Не летаат од гранка на гранка како повеќето нивни роднини папагали, туку скокаат. Спаѓаат меѓу три вида папагали кои немаат пердуви на главата а мажјаците од женките се разликуваат само црвената трага зад ушите.

Распонот на крилјата им е 50 сантиметри.

Дракула папагалите за жал се често мета на ловокрадците заради што бројот им се намалува. Ги користат во модни цели, па пердувите од овие убави птици завршуваат на раскошни фустани. Ги ловат и заради месо, како и за чување во кафези по дома. Заради се од наведеното, овие папагали се на листата загрозени животински видови.

притисни ентер