Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство во двете држави

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска во рамките на работната посета на Црна Гора, имаше средба со директоротот на црногорската Управа за дијаспора, Предраг Митровиќ.

Адеми на средбата се заблагодари за севкупниот позитивен однос на државата Црна Гора кон македонската дијаспора, како и за соработката на надлежните црногорски институции со здруженијата кои ги обединуваат нашите граѓани. Го пренесе задоволството од степенот на интеграција на црногорската заедница во Македонија, соопшти кабинетот на Адеми.

Тој го реафирмира интересот за склучување договор за заштита на правата на македонското национално малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Македонија, за што постои начелна позитивна подготвеност од двете страни.

Министерот Адеми се сретна и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора, на која беше запознаен со нивните напори за формирање на Македонски национален совет, како и за можноста за институционална поддршка на тој процес. /МИА

притисни ентер