ВМРО-ДПМНЕ: Контурата на октоподот се гледа, а сите знаеме дека главата на октоподот е Зоран Заев

На чело на криминално рекетарската банда на СДСМ е Зоран Заев. Лажните вести, манипулациите и смешните оправдувања не може да ја потиснат вистината за „Рекет", а тоа е дека Јанева, Милевски и Кичеец рекетирале 10-тици македонски бизнисмени.

Тие биле под заштита и во контакт со Зоран Заев и власта на СДСМ.

Блискоста помеѓу Зоран Заев, Катица Јанева и останатите актери во случајот е јасна. Македонската јавност е информирана за тајните средби на Зоран Заев со Катица Јанева. македонската јавност е информирана за тајните средби на Вице Заев со Зоран Милевски Кичеец. Македонската јавност е информирана и за средбите на Кичеец со Зоран Заев, а сите се сеќаваме и на фотографиите на Бојан Јовановски во премиерскиот кабинет.

Од разговорите кои протекоа во јавноста знаеме дека Зоран Заев бил информиран за нелегалните активности на Меѓународниот сојуз кој што работел со локални бизнисмени во државата.

Правосудството е под целосна контрола на Зоран Заев и токму поради оваа причина никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало со рекетот.

Контурата на октоподот се гледа, а сите знаеме дека главата на октоподот е Зоран Заев. Вистината за „Рекет" ќе се дознае, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои што се ставија во заштита на криминалот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Демири сака болницата во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство Илир Демири сака болницата за белодробни заболувања во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово...

На ваквата одлука што ја најави министерот при неодамнешната посета на Тетово, остро се спотивставува медицинскиот персонал од специјализираната болница.

-Бараме да се донесат доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Бараме барањето на министерот Демири, поврзано со нашата болница, итно да се поништи да не се најде на следната седница на Владата“, се вели во соопштението кое го испратија од болницата во Лешок.

Демири рече дека ако специјализираната болница не се земе под покровителство на тетовската болница таму без плата ќе останат 20 вработени.

Управен ги отфрли сите тужби на ДУИ - ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати?

Ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати во 5. и 6. изборна единица?

По маратонска расправа во текот на вчерашниот ден Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ против решенијата на ДИК за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката..

Во Изборната единица 6 ДИК прифати еден приговор за избирачко место во Желино. Таму најмногу гласови освои коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4.

Во шестка, Европскиот фронт освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8-8.

Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата на ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници во зависност од пресметката со Донтовиот модел кој може да биде пресуден а со оглед на ниската разлика во изборниот количник.

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.

-Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.- Коалиција Вреди

Со поднесувањето на приговорите до ДИК и барањето за прегласување од Вреди и ВМРО ДПМНЕ, од ДУИ обвинуваа за изборен инжињеринг кој како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници.

Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и заштита на одводните канали за полесно одлевање на површинските води, велат агрометеоролозите.

-Променливото време со повремени врнежи дожд во изминатите денови, ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но и со услови на појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност на воздухот. При вакви временски услови, земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, заради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие оценуваат дека новите врнежи кои ги најавува УХМР, ќе ги дополнат вештачките акумулации кои беа со намалено ниво на вода.

притисни ентер