Единаесет мртви во терористички напад во германскиот град Ханау

Единаесет лица се убиени во терористичко напад на два наргиле бара во западно германскиот град Ханау...

43 годишен Германец Тобијас Рајтен е терористот што  ја вознемири германската јавност  со убиството на  невини луѓе во два наргиле бара  во градот Ханау. Тој остави зад себе опширен манифест од 24 страници. Постојат индиции за десноекстремни и расистички мотиви за убиствата .

  Се пукало во  два дела од градот, четири лица се ранети. Полицијата во раните утрински часови го најде и телото на осомничениот убиец во неговиот стан, каде е откриена мртва и неговата 72 годишна мајка . Со тоа бројот на загинатите изнесува вкупно единаесет лица.

 Според информации во весникот „Билд“, осомничениот напаѓач  поседувал дозвола за ловечко оружје.

 Прво бил нападнат наргиле барот во центарот на Ханау каде клиенти биле Курди.  Очевидци сведочат дека напаѓачот оворил оган и со осум до  девет истрели, убиени биле неколку лица. Потоа напаѓачот или напаѓачите со возило заминале во друг дел од градот, каде одново се пукало во наргиле-бар. 

Писмото што го остави  германскиот терорист многу   постетува на писмото на  норвешкиот убиец  Андерс Брејвик. Наведува дека ги презира сите странци и оние што не се бели, тврди  дека постојат научни причини некои раси да бидат супериорни - и наведува дека има нации што треба да бидат истребени.

Германската влада реагираше со шокираност на тешкото злосторство во Ханау . Длабоко сочувство до погодените семејства, кои жалат по своите блиски“, напиша владиниот портпарол Штефан Зајберт на твитер.

Германската канцеларка Ангела Меркел поради настаните во Ханау ја откажа за денеска планираната посета на градот Хале .

.

притисни ентер