Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Според извори од МВР, освен македонската се вклучени и италијанската и црногорската полиција, како и американската ДЕА.

За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните информации на највената прес-конференција во 12:30 во МВР, а подоцна и од страна на ОЈО.

Во меѓувреме, медиумите во земјава, но и во регионот – Албанија, Србија, Словенија, објавуваат дека дрогата по потекло од Колумбија е запленета во магацин за овошје – банани во селото Крушопек, во скопски Сарај, каде биле донесени со три камиони.

По насока на јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка, приведени се возачите на камионите и сопственикот на магацинот, а се трага и по други лица.

Увозник на бананите во нашата држава е компанијата „Ванекс" од Крушопек. Пратката од 124 тони банани била натоварени на мексиканското пристаниште Веракруз, за што биле платени 40.460 американски долари.

Во операцијата, започната пред три месеци, според извори од МВР, освен македонската се вклучени и италијанската и црногорската полиција, како и американската ДЕА.

Како што објавија медиуми во Албанија и Србија, станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Рутата по која се шверцувал кокаинот, по потекло од Колумбија, била Црна Гора – Албанија, преку граничниот премин Ќафасан.

Камионот со кокаин во Скадар беше пречекан со „почести" и бил испратен до Поградец, објави на својот профил на Фејсбук познатиот новинар од Албанија, Артан Хоџа.

– Камионот со 1,3 тони кокаин со „почести" беше пречекан од царината на Хани и Хотит во Скадар и беше испратена со „почит" до царината во Ќафасан – Поградец, за потоа да бидат уапсени двајца возачи и еден магационер во едно село во Македонија, пишува новинарот Хоџа, коментирајќи ја најновата акција на македонската полиција во село Крушопек.

Дополнително тој како дилема го поставува прашањето дали оваа акција наликува на онаа со контејнерот кога во Маминас, близу Драч, во март 2018 година, беа заплените 613 килограми кокаин и кога беа уапсени двајца возачи и еден работник во магацин за банани.

Најмалку тројца приведени досега од полициската акција во Крушопек, Сарај, за заплена на 1,3 тони кокаин, објави новинарката на албанскиот „Топ ченел", Анила Хоџа, која ексклузивно обезбеди фотографија од камионот со кој се превезувале банани, а влегол во Црна Гора, за потоа да премине преку царинската испостава Ќафасан за Македонија.

Во оваа добро организирана акција, објави „Топ ченел", италијанската и албанската полиција биле информирани за товарот, а во полициската акција во Крушопек, учествувала и албанската управа против организираниот криминал.

– Првите информации велат дека кокаинот првично дошол од САД во Бар (Црна Гора), а требало да пристигне во Копер (Словенија). Од засега непознати причини, дестинацијата е сменета и кокаинот завршил во Крушопек. „Топ Чанел" дознава дека кога влегол во Албанија, полицијата набљудувала, доколку кокаинот би се растоварил во Албанија. Камионот бил со македонски регистарски таблички, додека во Албанија не запрел, објави овој медиум.

Информацијата за полициската акција синоќа ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „МВР во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности".

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата, напиша Чулев и повеќе информации најави за денеска. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер