Бритни Спирс заврши во болница

Пејачката Бритни Спирс заврши во болница со скршено стапало, откако доживеала несреќа за време на проба за танцување, јавуваат американските медиуми.

Пејачката ги скршила долните коски и завршила со ногата во гипс, откако едно движење при танцувањето тргнало наопаку.

Веста се појави во медиумите откако момчето на Бритни, Сем Асгари, на својот Инстаграм сподели фотографии и снимки од болничкиот кревет.

"Кога ќе скршите нешто, заздравува подобро, особено кога сте моја девојка! Мојата лавица ги скрши коските правејќи го она што најмногу го сака – да танцува.. И посакувам брзо закрепнување за да може да скока, да трча и да танцува", напиша Сем во објавата.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер