СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски во очај продолжуваат да измислуваат и да пласираат лажни вести, а најповикан за тоа е токму Николовски

​Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство.

ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски знаат дека се поразени од сите што и мислат добро на земјата и затоа постојано измислуваат и и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести.

А најповикан за лажни вести во белиот дворец е токму потпретседателот Николовски кој веќе еднаш загуби на суд за изречена клевета.

Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за јавно обвинителство и неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Бадијала им се лажните вести и конструираните случаи. Граѓаните се цврсто определени за еввропска иднина со СДСМ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава.

Од понеделник започнува пролетниот распуст за учениците од основните и средните училишта, кој ќе трае до 6 мај. Ден потоа на 7 мај учениците во чии училишта ќе се гласа се враќаат на настава, но со скратени часови и работно време до 11 часот. На 8 мај на денот на изборите училиштата нема да работат.

За прв пат годинава има промена и во календарот за настава, со што учебната година за основците, наместо на 10 ќе заврши на 17 јуни. Причина за ова е да се исполни годишниот фонт од 180 часови. Средношколците пак на летен распуст ќе одат на 10ти јуни…

Директорите на училиштата ја подржуваат ваквата одлука. Велат дека навремено биле известени за промената и се подготвени за реализација на распустот.

-Генерално сметавме дека е добар потег, бидејќи ова второ полугодие имаме малку денови неработни, па пролетниов заедно со Велигден и со мај ни дојде како споено, така да позитивни се до некаде реакциите.-Фоника Станоева - директор на ООУ Љубен Лапе – Аеродром.

За разлика од раководствата на училиштата, граѓаните со скепса гледаат на промената.

-Доволно е зимски распуст и летен распуст, а пролетен распуст мислам дека нема потреба. Се нарушува наставата и така не се добро опремени со книги со такви работи немаат за учење и сега плус и со наставата.

-Не е добра идеја. Сега можеби е добра затоа што има празници инаку пролетен распуст воопшто не го одобрувам. Кога децата ќе навлезат во учењето ние им даваме одмори, само што се навлезени во учење тогаш се оценките, тогаш се писмени работи.

Дополнително од МОН ги задолжија директорите на училиштата да организираат обработка на наставата од двата изборни дена и неработниот ден од Советот на министри на ОБСЕ, преку подолг престој на учениците во училиштата во денови од работната недела, а во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите

Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. /МИА

Блинкен: Студентските протести во САД се дел од демократијата

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека студентските протести во САД поради ситуацијата на Блискиот Исток се дел од „демократијата“.

„Белег на нашата демократија е тоа што нашите граѓани во секое време го изразуваат своето мислење, загриженост, гнев“, изјави Блинкен за новинарите за време на посетата на Кина.

Студентските протести во САД почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од престижните универзитети, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации. /МИА

притисни ентер