Николоски: Зоран и Вице Заев два дена бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата.

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два дена. Имено за она што имавме индиции пред два дена за жал се потврдува, практично немаме друга европска држава во која што премиер се гледа со главни осомничени во најголем корупциски скандал во државата.

Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата.

Од сега па натаму „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст како што сакаше власта да го објасни. Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани.

Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец.

Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност и беше познато за случајот „Рекет“ и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил?

Два дена има свесно одбегнување на одговори и креирање на лажни вести, проѕирни спинови само за да се одбегне одговорот на прашањето што барала Катица Јанева на средба со Зоран Заев? И што барал Зоран Милески Кичеец веќе осуден на средба со Вице Заев?

Имаме јасна потврда од МВР дека осомничените лица во случајот „Рекет“ биле под целосен надзор и тоа видео, фото и аудио. Па јасно се поставува прашањето зошто во судот не се презентираат тонските записи од разговорите кои што овие лица ги правеле?

Прашуваме јавно зошто тоа не се прави?

Откако МВР вчера посочи дека целокупниот материјал е доставен во ЈО и дека во истиот пред да биде доставен имал увид тогашниот министер за МВР, Оливер Спасовски, поставуваме неколку прашања:

Прво сметаме дека е чесно да излезе Зоран Заев лично и без разлика на тоа дали или нема да се презентира аудио материјалот во судница да каже што зборувал со Катица Јанева во текот на месец август.

Второ, чесно е неговиот брат Вице Заев да излезе и да каже прво што барал и во кое својство на средба со осомничен тогаш во случајот „Рекет“ и второ што зборувале за истото?

И трето, го повикуваме министерот тогашен на МВР, Оливер Спасовски да каже што има во аудио материјалите? Што е тоа толку страшно што се крие во овие материјали и не се објавува во јавноста и во судницата?

Она што можеме да го ветиме е дека по промената на 12-ти април детално ќе се истражи „Рекет“, и јавноста ќе добие одговор низ докази и факти кој е на врвот на „Рекет“. На врвот на „Рекет“ не се овие тројца кои што сега ги гледаме во судскиот процес, тие се само извршителите.

Очигледно е дека наредбодавците и нарачателите, мозокот на целата акција е врвот на СДСМ и семејството Заеви. И после 12-ти април низ една транспарентна истрага, ослободеното обвинителство со поддршка на сите други институции пред се истражните органи ќе кажат што се крие зад целата оваа работа, а во јавноста целосно ќе бидат презентирани материјалите од средбите на овие лица со браќата Заеви, и финално од посетата на овие лица на Владата на Република Македонија.

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Младите и пчеларството во фокусот на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата

Светскиот ден на пчелата - 20 Мај годинава ќе биде одбележан под темата „Младите ангажирани во заштита на пчелите“. 

Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во населба Автокоманда и на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“, кој е во фаза на изградба.

Организатори се хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, со финансиска подршка од Амбасадата на Република Словенија и со поддршка од општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, заедно со децата од градинките на територија на општината и студентите од факултетот.

- „Младите ангажирани во заштита на пчелите“ ја истакнува важноста од вклучување на младите во активности за промовирање на пчелите и пчеларството, и воопшто, во зачувување на опрашувачите, препознавајќи ги како идни чувари на нашата животна средина. Истовремено, ја нагласува глобалната потреба од соработка за ангажирање на младите во заштитата на овие инсекти од витално значење. Со тоа ја штитиме безбедноста на храната и овозможуваме стабилен земјоделскиот сектор и се бориме за зачувување на биолошката разновидност, се вели во соопштението од АДРА Македонија.

Предвидена е богата програма во која акцент е ставен на учеството на младите, ќе биде проверено нивното знаење за пчелите и пчелните производи, ќе биде одржана ликовна колонија на теми посветени на пчелите, ќе бидат засадени медоносни растенија во „Паркот на пчелата“. Ќе бидат поставени богати штандови со пчелни производи, сѐ со цел пошироката јавност да се запознае со огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, како и во производството на пчелните производи.

Меѓународниот ден на пчелата се слави на 20 мај, роденденот на Словенецот Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство (1734-1773). Предлогот на Словенија за воведување на Меѓународен ден на пчелата бил едногласно прифатен на Генералното собрание на ООН на 20 декември 2017 година.

Со одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, АДРА Македонија со своите партнери се приклучуваат кон кампањата за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), која здружението Македонска пчела (MacBee) ја започна пред неколку години под слоганот „Одгледувам македоника, одгледувам наше“. /МИА

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

 Владата на САД ги предупреди американските државјани да бидат внимателни поради евентуални терористички напади врз претставниците на ЛГБТ заедницата ширум светот.

- Поради потенцијалниот ризик од терористички напади, демонстрации или акти на насилство против американските граѓани и интереси, Стејт департментот ги предупредува своите граѓани во странство да покажат зголемена будност, се наведува во соопштението.

Исто така се наведува дека постои потенцијален ризик од насилство врз ЛГБТ заедницата инспирирано од странски терористички организации.

- Американските граѓани треба да бидат внимателни за време на маршевите на ЛГБТ заедницата, наведува Стејт департманот./МИА

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

притисни ентер