Произведувачот на Ајфон е првата голема американска компанија која соопштила дека епидемијата ги погодила нејзините приходи, но не откриле за колку, пренесе „Би-Би-Си“.
„Не очекуваме дека ќе ги исполниме целите за приходите кои ги планиравме за март“, наведува компанијата која во тековниот квартал остварила рекордни приходи од дури 67 милијарди долари.
Компанијата наведува дека во Кина заради затворените продавници, продажбата ќе биде помала од очекуваната.
„Сите наши продавници во Кина и продавниците на нашите партнери се затворени. А продавниците кои работат со скратено работно време немаат голем промет. Постепено повторно отвараме што постабилно и побезбедно“, наведуваат од компанијата. Според проценките на аналитичарите, вирусот во првиот квартал во Кина би можел да ја намали побарувачката за паметни телефони. Кина е најголемиот светски пазар за апарати а со епидемијата е погодена и автомобилската индустрија.