Видео: Дерик Џонс нов крал на забивањето во НБА

Кошаркарот на Мајами Дерик Џонс Јуниор е победник во натпреварот во забивање на НБА Ол Стар викендот во Чикаго.

Со забивања од соништата младиот Џонс беше подобар и поатрактивен од големиот фаворит за трофејот Арон Гордон од Орландо.

Џонс беше подобар и од конкурентите Пат Конотон и поранешниот победник Двајт Хауард.

Гордон со забивање преку Такоа Фол од Бостон за кое од судиите доби 47 поени беше на чекор од победа, но потоа следуваше спектакуларно забивање на 23 годишниот Џонс Јуниор за триуф.

Според добрите познавачи на НБА одамна не е видено вака драматично и интересно натпреварување во забивање на Ол стар викеднот во НБА.Многумите се потсетија на легендарниот дуел во забивање од 1988 меѓу славните Мајкл Џордан и Доминик Вилкинс.

притисни ентер