Новата косовска влада го исполни предизборното ветување: Функционерите добија двојно помала плата

Премиерот на Косово, Албин Курти и министрите решија да ги намалат своите плати за половина за да докажат дека новата влада сака да се бори против нееднаквоста.

Предходникот на Курти, Рамуш Харадинај, ја удвои платата пред две години од 1.500 на 2.950 евра, предизвикувајќи многу критики во земја во која третина од населението е невработено. Неговите министри исто така добија големи зголемувања.

„Предлагам (претходната) одлука на Владата да биде укината и платите да бидат вратени на нивните поранешни нивоа“, рече Курти пред да ја одобри одлуката.

Тоа беше и неговото предизборно ветување.

Курти, лидерот на левичарската партија Самоопределување, постигна коалициски договор со централно-десничарската партија по долги преговори и новата влада ја презеде функцијата на 3-ти февруари.

Просечната плата во приватниот сектор на Косово е 401 евра, а државната плата е 573 евра.

притисни ентер