Ветерниот парк „Богданци" во јануари произведe двојно повеќе од планот - Канал 5

Ветерниот парк „Богданци" во јануари произведe двојно повеќе од планот

Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95-отстотно натфрлање на планот, информираат од АД ЕСМ.

Ветерниот парк „Богданци" во јануари произведe двојно повеќе од планот

-Минатиот месец е регистриран како еден од најдобрите периоди од почетокот со работа на Паркот на ветерни електрани Богданци. Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 мегава часови електрична енергија, велат од енергетската компанија.

Во 2019 година, додаваат, овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за шест проценти. Со постигнатиот резултат, ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4 отсто во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.

Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на заинтересираните компании истекува на 2 март годинава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора на нозе: Тројно убиство на стрелиште во Даниловград, патиштата блокирани

Полицијата се сомнева дека на стрелиштето „Чешка зброевка“ во Даниловград е извршено тројно убиство.

Црна Гора на нозе: Тројно убиство на стрелиште во Даниловград, патиштата блокирани

Полицијата се сомнева дека на стрелиштето „Чешка зброевка“ во Даниловград е извршено тројно убиство, а засега непознатиот сторител, кој го напуштил местото на настанот вооружен, интензивно се бара, соопшти Управата на црногорската полиција.

Како што неофицијално дознава РТЦГ од Управата на полицијата, жртвите се Немања Капор (20) и Петар Глобаревиќ (24) од Подгорица и Момир Радоњиќ (67) од Даниловград.

Неофицијално, последното лице видено е странски државјанин и потрагата е насочена кон него.

Од клубот „Чешка зброевка“ неофицијално му соопштија на РТЦГ дека нивните вработени, кои биле на работа без оружје и не можеле да се одбранат, биле убиени.

На местото на настанот пристигнал и директорот на Управата на полицијата на Црна Гора, Лаза Шќепановиќ.

Сторителот, како што се сомнева полицијата, убил три лица со огнено оружје, по што го напуштил местото на настанот вооружен.

„Со оглед на тоа што вооружениот сторител го напуштил местото на настанот и претставува опасност, ги повикуваме граѓаните да останат во своите домови додека полицијата не го стави сторителот под контрола, како и да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица и да пријават какво било сомнително однесување во најблиската полициска станица“, соопшти полицијата.

Управата на полицијата наведува дека, по собирањето на потребните информации, фотографија и опис на бараното лице ќе бидат објавени за јавноста.

„Силни полициски сили - Специјалната полициска единица и Специјалните полициски единици - се распоредени за да го пронајдат сторителот. Во неколку градови е воспоставена блокада на потесното и поширокото подрачје“, објави УП.

Полицијата, во координација со надлежното обвинителство, презема сите потребни мерки и дејствија за идентификување и пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расветлување на инцидентот.

Полицијата запира и контролира секое возило од правец на Даниловград до Подгорица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: И ти си дел од безбедноста!

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Не е доволно само да очекуваме другите да внимаваат – мора да внимаваме и самите.

МВР: И ти си дел од безбедноста!

Телефонот, слушалките, невнимателното преминување на улицата или намалената видливост можат да бидат ризик кога сме пешаци.

Во рамки на глобалната кампања ROADPOL „Денови на безбедноста“ (16–22 септември), потсетуваме:

Како пешак, одговорноста за твојата безбедност не е само на возачите.

И ТВОЈА Е!

Погледни. Слушни. Внимавај.

Секој учесник во сообраќајот има улога во создавањето побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДС шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри.

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДС шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри и дека истите претставуваат дел од она што се нарекува дигитална инфраструктура и претставуваат иднина. Истовремено, Лефков посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од иднината, напротив ја планира и ја предвидува и ја води Македонија да биде една современа држава во секој облик“.

Пратеникот Лефков истакна дека дата центрите како дел од дигиталната инфраструктура се значајни од повеќе аспекти: од создавање на високо платени работни места, трансфер на знаење и технологии, како и изградба на една квалитетна дигитална инфраструктура, додека опозицијата пласира тези од пред неколку декади ширејќи хистерии во јавноста.

„За жал СДС предводен од Венко Филипче одбра уште еднаш да шири хистерии за оваа тема, обидувајќи се да скандализира и притоа користејќи тези коишто датираат од пред неколку декади, зборува за електрична енергија, за тоа дека ќе биде експлоатирана водата, напротив Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорно пристапува кон овие проекти и нема да бидат направени на штета на животната средина, на ниту еден начин“, рече Лефков.

Лефков ја потенцираше разликата којашто треба да се прави помеѓу дата центрите како приватни инвестиции и дата центрите како национална обврска, кои впрочем се дел од Реформската агенда, и обврска на Република Македонија е изградба на Национален дата центар, додека хистеријата и стравот околу овие дата центри конструирани од опозицијата има за цел спречување на, како што вели Лефков, растот и развојот на Македонија во оваа насока.

„Во Македонија веќе постојат, ако погледнете и ако пребарувате, ќе видите дека постојат 4 до 5 дата центри, самите дата центри се разликуваат, дали се за чување на податоци, дали се за некои други намени, меѓутоа станува збор за искривување на тезите и обид за ширење на хистерија“, кажа Лефков и додаде:

„Ако станува збор за национални дата центри, тој Национален дата центар којшто треба и е дел од Реформската Агенда има само една цел, а тоа е да го олесни пристапот на граѓаните кон услугите на државата.“

Пратеникот Лефков потсети дека за време на владеењето на СДС, јавноста сведочеше на хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, при што граѓаните не можеа да ги остварат нивните уставни и законски загарантирани права, додека пак изградбата на квалитетни дата центри има за цел да биде и поддршка при давањето на услугите што ги нуди државата.

„Во нивно време кога имаше хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, граѓаните не можеа да ги остварат основните права, дали за субвенции кај Министерството за земјоделие, дали станува збор за одредени права од ФЗО. Со изградба на квалитетни дата центри коишто ќе бидат поддршка на овие услуги кои ги нуди државата, користа и бенефитот ќе ги видат граѓаните, а тоа е целта и на Европската агенда, на тој начин се усогласуваме со законодавството и со стандардот на ЕУ, со нудење на квалитетни услуги, транспарентни услуги, со подобро менаџирање на јавните финансии итн.“, заврши Лефков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер