Бројот на починати од корона вирусот достигна бројка од 425 луѓе

Властите во Кина признаа дека имаат проблеми во одговорот на смртоносниот коронавирус и оти бројот на починати изнесува 425 луѓе. 

Во истовреме пораснал и бројот на инфицираните и сега има над 20.000.

Епидемијата што во минатата недела ја прогласи светската здравствена организација се верува дека се појавила во декември на пазарот за диви животни во Вухан. Дваесет и три земји досега пријавија околу 150 потврдени случаи на заразени со коронавирусот.

Во Македонија нема ниту еден сомнителен случај, но превентивните мерки се на сила.

           

притисни ентер