По сведочењата на Лила Стојановска и четворица други сведоци, обвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски на крајот на денешното рочиште најави дека ќе поднесе 19 кривични пријави, меѓу кои една за обвинителката Вилма Русковска, која ја обвини за корупција од четири милиони евра.
-Дали лицето Вилма Русковска да гопријавам кај обвинителката Вилма Русковска?Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливидокази? –праша Јовановски.
Тој не објасни за што станува збор. За ова побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа, бидејќи како што кажа се обратил до обвинителството, но од таму го посочиле на судот. Повеќе информации немаше ниту неговиот адвокат.
Канал 5 ја контактираше обвинителката Русковска. Во телефонски разговор таа ги отфрли обвнинувањата како небулозни.
Јас ги охрабрувам сите кои имаат докази за било кого кој сторил кривично дело веднаш да пријават во полиција, без разлика за кого станува збор, ама со пријавата да ги достават и докази во полиција.Негирам било каква моја поврзаност било каква корупциска афера. – вели обвинителката Вилма Русковска.
Прва денеска сведочеше апелацискасудијка, Мери Дика Георгиевска, која е кума на Боки 13. Таа кажа дека Јовановски го знае од дете, затоа што повеќе од педесет години е пријателка со неговата мајка. Раскажа декана едно заедничко патување по пазарње во Милано таа го дала пасошот на мајката на Јовановски за поврат на данок, кој рече дека бил во незначителна сума. Мери Дика е сестра на Агапи Дика, која беше дел од раководството на Меѓународнеиот сојуз, но не е опфатена со обвинението
Следна сведочеше шефицата на кабинетот на Јанева - Сања Димовска. Таа рече дека Јанева телефонски и дала насоки да му се одобри времен пасош на Камчев, „Ми кажа да се даде позитивно мислење за патната исправа, а рокот да не утврдува. Ни даде насока да не се ограничува времето наиздавање-важење на пасошот, туку тоа да го стори судот ".
Меѓу сведоците беше и водителката Лила Стојановска, која кажа дека дала донација од 20 илјади евра, а потоа уплатила позајмица од 500 илјади денари на адреса на 1ТВ. Обвинителката Смаќоска и укажа на Стојановска дека на нејзина сметка прво биле префрлени 500 илјади денари,а потоа исите ги префрлила како позајмица, на што Стојановска одговори дека никој не и уплатил пари, и тие пари ги платила од своја сметка. Водителката и во судницата и надвор од неа кажа дека повеќе не е пријателка со Боки13..
Продавачката Весна Костовска од салонот Пјер Карден сводечеше дека Јовановски од таму купил ТВ комода, а последниот сведок Лидија Младеновиќ, управител на Зона текс и Зона мебел рече дека Боки 13 земал мебел, но останал должен 296 илјади денари.
Со денешното рочиште се исцрпи листата сведоци, а од утре ќе бидат презентирани материјални докази... До петок треба да биде објавена и одлуката на Апелација за барањето на Боки 13 за укинување на притворот..