Орце Ѓорѓиевски: За незаконски смени во МВР годишно се исплатени четири милиони евра отштета

Четири милиони евра годишно плаќале граѓаните за да ја задоволат патолошката желба за политичка одмазда на најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев.

Четири милиони евра од буџетот се исплаќани годишно како штета по изгубените судски процеси кои се водени за незаконските смени и деградирања во МВР.

Наместо 60-тина супермодерни возила за итна медицинска помош или 200 полициски возила, секоја година Оливер Спасовски четири милиони евра трошел за да ја задоволи сопствената и потребата на неговиот шеф да се изживуваат со сите оние кои не размислувале криминално како нив двајца.

Правдата е бавна, но жртвите на политичкото изживување во МВР ја дочекале.

Време е правдата да го стигне и лично Оливер Спасовски. Јавното обвинителство мора да покрене постапка против техничкиот премиер за расипничкото трошење на народните пари. Парите кои се истрошени заради нечија лична или партиска одмазда мора да бидат вратени во буџетот на Република Македонија.

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ водени од тесно партиски интереси направиле ршум во Министерството за внатрешни работи, непосредно пред формирањето техничка влада. За дваесетина дена во декември, заклучно со 25-ти биле издадени 1050 решенија, а само во последната недела 1.198 решенија за прераспределување. Овие решенија во најголем дел се спротивни на законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на распоредување и унапредување во рамките на Министерството.

Заради ваквото работење и партизирање се доведовме до дереџе како држава, криминалците слободно да хараат по улиците, а полицијата да биде нем сведок и статистичар на криминал.

СДСМ ја искористи полицијата за да создаде коалиција со подземјето и криминалот да помине неказнето во нашата земја.

Ова мора да престане. Одговорност мора да има после 12 април.

Оливер Спасовски и Заев се директни виновници за сите порази, криминали и неуспеси во нашата земја.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, соопшти Министерството за култура.

притисни ентер