Лила: Скарани не сме ама не сме веќе пријатели со Бојан

Водителката Лила Стојановска дојде во Кривичниот суд за да сведочи во продолжението од судењето за предметот „Рекет“ .

Како сведоци во Кривичниот суд денеска треба да се појават и шефицата на кабинетот на Катица Јанева,Сања Димовска, како и Весна Костовска и Агапи Дика.Тие се сведоци на предлог на обвинителството кои во случајот ги гони поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања и Бојан Јовановски-Боки 13 за перење пари и примање награда за противзаконито влијание.

На прашање на судијката дали е скарана со некој од обвинетите, Лила Стојановска одговори: „Скарани не сме ама не сме веќе пријатели.Го познавам Бојан 15 години. Бевме пријатели, потоа бевме скарани четири години, па се смиривме“.

При доаѓање во судот водителката како на црвен килип подзастана за фотографирање.

Салфетката на Меси се продава на аукција, веќе се понудени 300.000 евра

Денеска е отворено наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише со тогаш 13-годишниот Лионел Меси, а предвремените понуди достигнаа речиси 300.000 долари.

Салфетката беше потпишана во декември 2000 година кога Карлес Рексах, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со агентот Хорасио Гаџиоли да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (274.824,00 долари) набргу по отворањето на продажбата, според веб-страницата на аукционерот. „Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.

Меси ѝ помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови. Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами. „Ако го сакате фудбалот, ќе знаете сè за Лионел Меси и ќе знаете дека тој го дефинираше фудбалот со генерации. Ако сакате дел од акцијата, ова е местото“, рече Сендс. Онлајн продажбата завршува на 17 мај.

Димитриевски: ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија

Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва изспиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски.

Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остнати политички субјекти.

Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и и поска успешен мандат.

притисни ентер