За само 48 часа Кинезите ја направија првата болница за коронавирусот за 1000 пациенти - Канал 5

За само 48 часа Кинезите ја направија првата болница за коронавирусот за 1000 пациенти

Првата болница за болните од коронавирус во Кина е отворена вчера во град во близина на Вухан, откако работници и волонтерите за само два дена претворија празна зграда во установа за итни случаи со 1.000 кревети.

За само 48 часа Кинезите ја направија првата болница за коронавирусот за 1000 пациенти

Првата група на пациенти со коронавирус е веќе пренесена во регионалниот медицински центар Даби вчера околу 22:30 часот по локално време, известија локалните медиуми.

Проектот е завршен во рок од 48 часа благодарение на заедничкиот напор на персоналот од градежните фирми, комуналните компании и полициските службеници, на кои им помагале бројни волонтери , соопштија надлежните градски власти.

Регионалниот медицински центар Даби е првата болница за коронавирус што е отворена во Кина. Работниците и волонтерите поминаа два дена обновувајќи ја празната зграда

На сликата објавена од владата на Хуангганг се прикажани градежните работници кои поставуваат неопходни инсталации на местото на регионалниот медицински центар

Вчера волонтерите ги поставија сите кревети, а исто така била приклучена вода, електрична енергија и интернет, соопшти владата на Хуангганг

Во петокот, локалната власт нареди зградата, која била комплетно изградена, но празна, да се користи само за лекување на пациенти со коронавирус.

Работите на реновирање започнаа од саботата.

Забрзано се работи и на новата боница за илјада пациенти , која од темел почна да се гради пред неколку дена , а властите ветија дека ќе биде изградена за само осум дена. Според медиумите, во тек е поставувањето на готовите компоненти во вид на бродски контејнери на огромни шини , поставени на веќе готовата база на објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност!

Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии.

Борозан: Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност!

Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано.

Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното - здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Сашо Клековски самиот призна дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле со задоцнување.

Тоа признание не ја намалува вината. Напротив, ја потврдува.

Клековски призна дека институциите задоцниле во реакцијата, но тоа не го кажа затоа што сакаше да ја соопшти вистината, туку затоа што веќе не можеше да ја сокрие неспособноста.

Првите симптоми кај граѓаните се појавиле уште на 14 јули, кога во болницата секојдневно се јавувале околу 200 пациенти со исти симптоми.

Наместо итна реакција, епидемија беше прогласена дури на 19 јули.

Пет дена институциите молчеле. Пет дена не ја предупредиле јавноста. Пет дена не презеле мерки, додека стотици граѓани се разболувале.

А Центарот за јавно здравје Тетово водата ја прогласил за безбедна.

Гостиварчани 22 дена пиеле загадена вода со фекалии. Над 4.070 граѓани се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.

Целосен институционален неуспех и системски колапс на Владата на Мицкоски.

Признанието на Клековски е најсилна потврда - не е само за политичка туку и за кривична одговорност.

Цел еден град е отуен, мора кривично да одговараат.

Бараме Кривична одговорност од министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Марија Андоновска и директоритите на локални Центри за јавно здравје.

Јавното обвинителство да не чека наредби од Мицкоски туку да делува согласно закон.

Одговорност за труењето во Гостивар мора да има!, рече Маја Борозан од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чистка на Мурињо- од Реал заминуваат петмина, вредни 175 милиони евра

Сѐ уште се договара составот на Реал Мадрид за новата сезона, а се очекуваат доаѓања и заминувања. 

Чистка на Мурињо- од Реал заминуваат петмина, вредни 175 милиони евра

Во тек се преговори со РБ Лајпциг околу трансферот на крилниот напаѓач Јан Диоманде, кој минатата сезона ја мина во Леганес и е блиску до потпис за Мадрид. Тој би бил петтото ново засилување за тимот на Жозе Мурињо, но веројатно не и последното што ќе пристигне на крајот од преодниот рок. Исто така, ќе мора да си заминат и неколку поранешни ѕвезди.

Освен Диоманде, последните денови се споменуваше и евентуалното доаѓање на Родри, иако мадриѓаните се уште демантираат дека презеле конкретни чекори кон играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Според информациите на Ас, се уште нема официјална понуда, но се знае дека играчот сака да се врати во шпанската лига и дека Реал Мадрид е неговата прва опција.

Пристигнувањата се условени со заминувања

За да направи простор за пристигнувања, особено во средниот ред, Реал Мадрид ќе мора да продаде некого. Доаѓањето на Бернардо Силва создаде гужва на средината на теренот, а ниту еден од играчите од средниот ред се уште не си заминал. Единствената промена засега е заминувањето на Дани Себаљос, кој играше малку минатата сезона и продолжувањето на договорот на Орелиен Тчуамени.

Мурињо јасно истакна дека бара брза и директна игра од тимот. Тој е задоволен од постоечкиот кадар, но е отворен за дополнителни нови сили. Со доаѓањето на Диоманде многу сигурно, вниманието се свртува кон Винисиус Јуниор. Бразилецот за неколку дена се враќа во Мадрид, а раководството на клубот сака што поскоро да го дефинира неговиот статус. На клубот не му се допаѓа неизвесноста бидејќи неговиот договор е пред истекување.

Можни заминувања:

Раул Асенсио (20 милиони евра според Transfermarkt)

Гонзало Гарсија (30)

Франко Мастантуоно (45)

Брахим Дијаз (35)

Едуардо Камавинга (50)

Дијаз и Камавинга јасно ставија до знаење дека сакаат да останат. Асенсио се надева дека ќе се бори за останување, но нема да биде лесно и неговиот агент Жорге Мендеш веќе бара нов клуб. Од друга страна, познато е дека заминуваат Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно. Гарсија ќе биде продаден, а Мастантуоно ќе оди на позајмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

Во рамки на работната посета на Мадрид, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.

На средбата беше разговарано за напредокот на европската интеграција на Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија.

Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава и ја потврди посветеноста на Владата за продолжување на реформите и исполнување на обврските на патот кон членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници ја потврдија важноста од блиската билатерална соработка и континуираната координација во европските процеси, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер