Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
1Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМалиот пазар, немањето континуитет и стандарден квалитет – клучни болки на македонскиот аграрМакедонскиот пазар на земјоделски производи е мал, со неповолна, неизбалансирана структура и слаб извозен потенцијал. Соочен со силна конкуренција од надвор, се уште не успева да испорача континуитет и стандарден квалитет. Ситните парцели до два хектара, непочитувањето на договорите меѓу производителите и откупувачите, како и минималниот ефект од задругарството, остануваат клучна системска слабост. Како што беше речено на денешната Прва сесија на Работната група за земјоделство од Националната конвенција за ЕУ во земјава, почнатите реформи ќе мора да се спроведат ако сакаме да бидеме дел од европското семејство. -Маркетите бараат континуирано производство со стандарден квалитет и соодветна структура, но ние тоа се уште не можеме да го постигнеме. Има сектори, како овоштарството, градинарството и лозарството кои постојано продуцираат вишоци, а други, како сточарството или производството на пченица, не ги покриваат ниту домашните потреби, истакна професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна. Според него, клучна болка остануваат малите, расцепкани имоти на кои отпаѓаат преку 70 проценти од земјоделските стопанства, а здружувањето на производителите до денес речиси нема никаков ефект па во такви услови тие секогаш ќе бидат во подредена положба на пазарот и под притисок на откупувачите. – Нашиот пазар е релативно отворен и либерализиран, а тоа создава дополнителен проблем. Во околните земји со слична производна структура, се градат сериозни капацитети кои овозможуваат поран пласман и продажба со пониски трошоци што практично, создава силна конкуренција која значи удар за македонското земјоделство, потенцира професорот. Министерот за земјоделство Трајан Димковски рече дека Владата вложува огромни напори да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувањата што ги предизвикуваат флуктуацијата на цените и нелојалната конкуренција. – Имајќи предвид дека преструктуирањето на секторот е една од клучните стратегиски цели до 2020 година, а почна со создавање институционална, правна и политичка средина за преструктурираните политики, подвлече Димковски. Според Виера Баричичова од Министерството за земјоделство на Република Словачка, земјава треба да размисли што сака за да не ги прави истите грешки низ кои поминале претходните држави кандидати за членство во ЕУ. – Многу е важно да постои целосно менаџирање на фармите, да се има јасна слика за следење на финансиите и производството, да бидат воспоставен менаџмент и мониторинг на состојбите, како и да има аналитички информации и силни истражувања направени во вистинско време, порача Баричичова. Работната група за земјоделство од Националната конвенција досега одржа шест сесии за витални сегменти од македонското земјоделство и креираше преку 60 препораки. Денешната сесија беше на тема: „Уредување на земјоделските пазари"./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Брутален нокаут на хокеј Натпреварот во американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона. Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи. По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра. Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка. По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт. „Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook