Свечена академија: Делото на Свети Сава инспирира да градиме општество еднакво за сите

Делото на Свети Сава инспирира и осум века по неговата смрт. 

Неговите државнички активности и активностите како светител оставиле длабоки траги и ја потврдуваат неговата големина. Тој им припаѓа на сите христијани, без разлика во кои државни граници живеат. Кога велиме дека делото на Свети Сава инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите.

Ова го порача техничкиот премиер Оливер Спасовски, во своето обраќање на Свечената академија во Македонскиот народен театар, по повод одбележувањето на 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.

Честитајќи го националниот ден на Србите во Македонија, Спасовски повика сите да ги споделуваме неговите вредности на дело и преку заедништво и правдољубие да ја градиме заедно државата.

– Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош од бога, посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. На овие негови вредности овој свет човек повикува и денес. Неговите пораки се толку силни и потребни и во денешно време. Затоа е многу важно и самите да ги применуваме неговите големи пораки, рече Спасовски.

Додаде и дека делото на Свети Сава инспирира да градиме општество со почит меѓу сите етнички заедници.

-Во таа насока се и грижите и политиките на Владата за српската заедница во нашата земја. Српскиот јазик е службен јазик во општините Куманово и Старо Нагоричане. Во општина Центар во тек е расправата за ДУП-от во кој се предвидени објекти за современ културен центар за српската заедница, ново училиште со паралелки на српски јазик и простор за нова амбасада на Србија. Така се гради заедништво. Со почит кон традициите на сите, напомена Спасовски.

Генералниот секретар на српскиот претседател Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ, честитајќи го големиот српски празник пренесе поздрав од српскиот претседател Вучиќ и порака за братска љубов и поддршка.

– Ова е ден и вечер кога секој треба да се праша колку во изминатата година живеел по Сава, правдољубиво и милостиво. Секој што сака да се спаси мора да оди по патот на посветеноста и верата, изјави Селаковиќ.

Пораката од Сава за братство, љубов и единство, порача Селаковиќ, нека биде благодарност на домаќинот за гостопримството и заедничкото прославување на свечената Савска академија.

Свети Сава е втемелувач на самостојна Српска православна црква, нејзин прв архиепископ, просветител, основач на училишта и болници, дипломат и пишувач на првите закони во српската држава.

На церемонијата присуствуваа јавни личности од регионот и земјава, меѓу кои и Милорад Додик, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, лидерот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ и амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ./МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата по 12 април, кога ќе ја предводиме новата Влада

​Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија.

Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина.

Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмуца – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница.

Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка.

Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата подеднакво.

По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова. По 12-ти април повеќе за секого.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ

Пратениците Владимир Ѓорчев, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на ОБСЕ денеска и утре во Виена ќе учествуваат на зимската сесија на ПС.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за решавање на долготрајните конфликти: алатки и механизми на ОБСЕ (прва комисија), Безбедносните последици од климатските промени и улогата на парламентарците (втора комисија), Мултилатерализам во акција: Меѓународна соработка за човекови права (трета комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 3 до 7 јули 2020 година во Ванкувер, Канада.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обратат Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Австрија, Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ, Еди Рама, претседавач на ОБСЕ и премиер и министер за надворешни работи на Албанија и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ. /МИА

Во Кривичен судење за „Рекет"

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Рекет" во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за перење пари, односно за злоупотреба на службената положба.

На минатото судење судот ја исклучи јавноста, а се презентираа преостанатите три фолдери од усб-то на Зоран Милевски-Кичеец.

Судијката Васка Николовска-Масевска, одлуката ја образложи со тоа што го посочила обвинителката дека со јавното изведување ќе се наруши угледот на лица кои не се дел од овој кривично-правен настан.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело" и за „примање награда за противзаконито влијание". Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

На првото рочиште за „Рекет", што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание", по што беше осуден на три години затвор. /МИА

притисни ентер