Царовска: Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на кои треба да работиме идниот период

Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на коишто треба да работиме идниот период. За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. 

Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите,  посочи потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на трибината Агенда Социјална заштита 20-24.

-  Тука, на оваа трибина денеска се отворија многу прашања, значи дека сме на половина пат од процесите што ги започнавме, Сите мерки што ги креиравме изминатите две и пол години во широка консултација со засегнатите страни дадоа одлични резултати. Меѓу нив се Оперативните планови, зголемувањето на минимална и субвенционирањето за раст на плати, воведувањето на гарантираниот минимален приход и другите додатоци, како обезбедувањето на 12.000 стечајни работници, порача потпретседателката Царовска.

Затоа, истакна Царовска, продолжуваме со уште посилен ентузијазам сите заедно да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните, нивна поголема вработливост и намалување на сиромаштијата.

За да ги заокружиме овие политики, ќе ни треба силна соработка со сите засегнати страни и граѓаните, заклучи Мила Царовска, се анведува во соопштението на СДСМ.

Намален бројот на патници во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски превоз

Во четвртиот квартал лани со автобус се превезени 20.796.000 патници, што е за 3,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2018 година.

Според видот на превозот, зголемен број на превезени патници има само во градскиот превоз и тоа за 1,7  проценти, а намалување за 5,3 проценти има во приградскиот превоз, за 24,2 проценти во меѓуградскиот и за 24,5 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз  е намален за 13,2  проценти.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,1 процент, додека во приградскиот превоз е намален за 3,4 проценти, во меѓуградскиот за 23,3 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21,9  проценти. /МИА

Караџовски: Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните д

Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата, бидејќи за да се прекине настава потребно е да се донесе одлука на ниво на Влада, која прогласува епидемија на ниво на држава, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните денови.

– Се работи за заболување кое сега го има врвот. Пикот на грипот се очекува оваа и следната недела. Согласно епидемиолошките критериуми за грип сега ќе се зголеми бројот на заболени, а  во периодот што следи заради подобрување на времето и пролетните температури бројот ќе биде намален. Секој респираторен вирус и секое респираторно заболување не значи грип, секое респираторно заболување не значи бронхит и бронхопневмонија. Нормално е да има кивање, кашлање, нормално е сега да има, во сред лето нема грип, додаде д-р Караџовски, одговарајќи на новинарско прашање./МИА

Османи: Победникот од албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците

Онаа политичка партија што на парламентарните избори ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците, доколку победат партиите кои ќе направат предизборна коалиција и тие треба да влезат во власта.

Ова го изјави вицпремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со можни предизборни коалициина партии од албанксиот блок со СДСМ.

-Една грешка е направена во 2006-2008  година кога во влада влезе партија која не ја претставува волјата на Албанците и тоа предизвика длабока политичка криза, брзи предвремени избори, блокирање на Собранието. Затоа што системот по Рамковниот договор не препознава поинакво претставување освен на тој што ја претставува волјата на Албанците. Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе влезат во власта, меѓутоа тој што ќе победи кај Албанците тој ќе ги претставува Албанците во владата, истакна Османи по денешното сведочење во судот за слулајот „Монструм"./MИА

притисни ентер