Бидејќи камерата во ресторанот не работела, биле најдени снимките од уредите лоцирани на околните згради. Снимките објавени од грчките медиуми покажуваат прилично нејасни ликови на четворица мажи во црно во близина на ресторан. Истите камери го снимиле и нивното бегство по двојното убиство, пренесува Блиц.
"На фотографиите се прикажани мажите, четворица од нив, облечени во црни јакни и со маскирни панталони кои шетаат кон ресторанот каде што седеа жртвите. Исто така, се гледа дека истите мажи бегаат од ресторанот по неколку минути", пренесоа грчките медиуми.
Објавени се и најновите информации од истрагата, така што грчкиот печат, повикувајќи се на полициски извори, објави дека во ресторанот биле истрелани 24 истрели со кои се погодени три жртви, што зборува за целта на убијците, но и за фактот дека станува збор за ладнокрвни извршители.
На неколку дена по ликвидацијата, грчката полиција се обидува да открие дали четворицата мажи влегле во земјата со фалсификувани документи како Дедовиќ и Стаматовиќ, кои имале фалсификувани патни исправи.
Се појави и информација дека црногорските криминалци целосно го промениле физичкиот изглед, дека Дедовиќ значително изгубил тежина и пуштил брада за да не биде препознаен.
Медиумите објавија дека контактите што можеби им овозможиле засолниште на Дедовиќ и Стаматовиќ во Атина, сè уште се пребаруваат, па полицијата интервјуирала осомничени жители на Атина со потекло од Балканот.
Да потсетиме, четворица неидентификувани лица влегле во грчки ресторан нешто пред 19 часот во неделата вечерта. Додека двајцата пукаа во црногорските мафијаши, други двајца ги чувале гостите и вработените во ресторанот. Тие потоа побегнале во црн џип што полицијата сè уште го бара.
Дедовиќ е познат како еден од водачите на клан од Црна Гора со своите кумови Јовиќ и Игор Вукотиќ, а Стаматовиќ е лидер на групата ,,Загорје’ од Подгорица, која тесно соработува со кланот на Дедовиќ. Иследниците бараат мотив за овие убиства криминалните кругови.