Од затвор во Парагвај избегале 75 затвореници

Најмалку 75 затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај.

Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес на новинарите им рекла дека покрај управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

Пограничната област во близина на градот Педто Хуан Кабаљеро се смета за транзитна точка за криумчарење дрога и други криминални активности.

Намален бројот на патници во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски превоз

Во четвртиот квартал лани со автобус се превезени 20.796.000 патници, што е за 3,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2018 година.

Според видот на превозот, зголемен број на превезени патници има само во градскиот превоз и тоа за 1,7  проценти, а намалување за 5,3 проценти има во приградскиот превоз, за 24,2 проценти во меѓуградскиот и за 24,5 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз  е намален за 13,2  проценти.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,1 процент, додека во приградскиот превоз е намален за 3,4 проценти, во меѓуградскиот за 23,3 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21,9  проценти. /МИА

Караџовски: Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните д

Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата, бидејќи за да се прекине настава потребно е да се донесе одлука на ниво на Влада, која прогласува епидемија на ниво на држава, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните денови.

– Се работи за заболување кое сега го има врвот. Пикот на грипот се очекува оваа и следната недела. Согласно епидемиолошките критериуми за грип сега ќе се зголеми бројот на заболени, а  во периодот што следи заради подобрување на времето и пролетните температури бројот ќе биде намален. Секој респираторен вирус и секое респираторно заболување не значи грип, секое респираторно заболување не значи бронхит и бронхопневмонија. Нормално е да има кивање, кашлање, нормално е сега да има, во сред лето нема грип, додаде д-р Караџовски, одговарајќи на новинарско прашање./МИА

Османи: Победникот од албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците

Онаа политичка партија што на парламентарните избори ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците, доколку победат партиите кои ќе направат предизборна коалиција и тие треба да влезат во власта.

Ова го изјави вицпремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со можни предизборни коалициина партии од албанксиот блок со СДСМ.

-Една грешка е направена во 2006-2008  година кога во влада влезе партија која не ја претставува волјата на Албанците и тоа предизвика длабока политичка криза, брзи предвремени избори, блокирање на Собранието. Затоа што системот по Рамковниот договор не препознава поинакво претставување освен на тој што ја претставува волјата на Албанците. Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе влезат во власта, меѓутоа тој што ќе победи кај Албанците тој ќе ги претставува Албанците во владата, истакна Османи по денешното сведочење во судот за слулајот „Монструм"./MИА

притисни ентер