Беровско Ратево подготвено за 12 издание на карневалот ,,Ратевски Бамбурци"

Традицијата стара 600 години наречена ,,Ратевски Бамбурци” и оваа година продолжува во беровското село Ратево. 

Таканаречените ,,Бамбурци” се група луѓе кои се маскираат во кожи кои достигнуваат тежина и до 70 килограми и се главни носители на карневалот на кој годинава, како што информираат организаторите се очекува да настапат над 300 маски од Македонија и Бугарија.

– Подготовките за овогодишниот карневал се при крај, така што во понеделник на 20 јануари 2020 година, кога христијаните го чествуваат  ,,Св. Јован Крстител”, Ратево уште еднаш ќе биде домаќин на старата беровска традиција. Според она што ни го кажувале нашите предци станува збор за традиција стара 600 години, која настанала кога поради појава на болест, тогашните жители на Ратево со маски ги бркале лошите духови и болеста од селото. Традицијата еве и денеска по шест века и по 12 пат како карневал ќе се одржи во Ратево, велат организаторите.

Главното случување на настанот како што дополнија започнува во 10 часот кога сите учесници ќе продефилираат пред присутната публика која се очекува во бројка од 3000 посетители.

– Учесниците со својата маска, поединечна или групна имаат можност околу 5-10 минути да се претстават пред публиката и жири комисијата, по што околу 13 часот имаме одлука која маска е првонаградена на 12-тото издание на карневалот. Обезбедени се награди за трите најдобри маски како и благодарници за сите учесници, додаваат организаторите.

Локалниот обичај поврзани со Ратевските Бамбурци започнува рано наутро на 20 јануари на денот посветен на ,,Св. Јован Крстител” и има една цел, со танцот на Бамбурците да се избрка злото од Малешевијата. /МИА

,,Бродот на духови” по една и пол година самиот стигна во Ирска (ВИДЕО)

Напуштениот товарен мотор МВ Алта се насука на карпите крај брегот на Ирска во близина на округот Баликитон во округот Корк, пренесува „Гардијан“.

Со тоа се заврши главно непознатата одисеја на бродот , долг 77 метри што пловеше низ  Атлантикот меѓу Америка, Европа и Африка изминатата година и половина.

И покрај тоа што екипажот го напуштил , цврстиот брод останал над водата цело време, се додека неговото осамено патување на крајот не го донесе невремето Денис до брегот на Ирска по силната бура.

Штом се насука на брегот , бродот привлече многу љубопитни, поради што локалните власти издадоа предупредување до јавноста во кое се вели да „не пристапуваат кон бродот бидејќи се наоѓа на опасен дел од брегот“.

Бродот веќе бил прегледан (и снимен) од страна на ирската крајбрежната стража, а според првите слики, се смета дека не постои опасност од истурање гориво во морето.

МВ Алта е изградена во 1976 година и долго пловела под знамето на Танзанија. Бродот го сменил сопственикот во 2017 година и се најде во неволја во септември 2018 година на патот од Грција до Хаити кога неговите мотори откажале на 2200 километри од Бермуда.

Бидејќи пет-члениот екипаж не успеа да го санира, МВ Алто на крајот беше напуштен кога пристигна брод на американската крајбрежна стража  за да ги однесе во Порто Рико. Крајбрежната стража веднаш стапила во контакт со сопственикот на бродот за да организира реморкер што ќе го донесе бродот на брегот. Потоа, бродот, наводно, бил влечен во Гвајана, каде, наводно, бил киднапиран.

После тоа , на бродот му се губи трагата, сè додека не беше снимен среде Атлантикот во август минатата година од екипажот на британскиот патролен брод HMS Protector. Тогаш беше јасно дека бродот неконтролирано плови по океанот. Потоа, се смета дека МВ Алта отпловил до бреговите на Африка и потоа поминал покрај брегот на Шпанија за на крајот да го заврши патувањето во Ирска.

Коронавирусот им создава сериозни проблеми на БМВ, Мерцедес и на Фолксваген

Епидемијата на коронавирусот во Кина им создава проблеми на БМВ, Мерцедес и Фолксваген.

Бројот на продадени автомобили опаѓа како резултат на заразата. Кина е најголемиот пазар за германските производители, кои и покрај тоа не се во најдобра форма.

Помалку од половина од произведениот број автомобили ќе се продаваат во Кина во февруари, според аналитичарите во швајцарската банка УСБ. Тие исто така веруваат дека производството, исто така, ќе се намали за околу 20 проценти, како резултат на затворените фабрики, проблемите со снабдувањето и, се разбира, со падот на побарувачката, пренесува Дојче веле.

Коронавирусот, познат и како Ковид-19, носи нови проблеми за германската автомобилска индустрија, која сè уште се опоравува од Дизелгејт, скандал со издувните гасови и се соочува со намалена глобална побарувачка и зголемени тарифи како резултат на конфликтот меѓу САД и Кина.

Мерцедес Даимлер и Ауди, кое припаѓа во групата Фолксваген, во последните неколку месеци најавија дека ќе бидат скратени околу 20.000 работни места. Причината: и двете компании се обидуваат да заштедат пари за да го финансираат производството на електрични автомобили. Слични вести доаѓаат од компаниите за делови за автомобили, вклучувајќи ги и Континентал или Бош.

Германските производители на автомобили и нивните снабдувачи се најмногу изложени на ефектите на коронавирусот, повеќе од нивните конкуренти во другите европски земји, раскажува Емихуел Бул од Фич Рејтингс за Дојче веле.

„Ризикот за германските производители главно доаѓа од паѓање на продажбата, а не од прекинување на производството, бидејќи БМВ, Дајмлер и Фолксваген немаат фабрики во покраината Хубеи“, вели Бул.

За разлика од американските и кинеските производители на автомобили, германските компании последниве години го зголемуваат својот удел на кинескиот пазар и покрај генералниот пад на побарувачката во оваа азиска земја. Најновите бројки велат дека Кинезите купуваат четири од десетте автомобили Фолксваген и скоро три од секои десет БМВ и Мерцедес.

На бумбарите им се заканува исчезнување поради климатските промени

Бумбарите, едни од најважните опрашувачи во природата, во моментов се загрозени бидејќи нивниот број драстично се намалува.

Според новата студија, овие инсекти многу поретко се среќаваат од порано - во Северна Америка, тие се двојно поретки во сите области во однос на 1974 година. Тие се специјализирани за ширење на полен и опрашување на многу видови растенија, вклучително и земјоделски производи, како домати, боровинки и тиквички, пренесува National Geographic.

Неколку порано вообичаени видови на бубачки исчезнале од многу области каде што можеле да се видат и биле истребени од овие места.

Во новата студија, објавена во списанието Science, истражувачите користеле комплексен процес за да утврдат дали климатските промени се виновни за намалувањето на бројот бубачките.

Научниците го испитале присуството на 66 видови на бумбари на два континента и откриле дека во области што станале потопли во последните години или каде се пријавени екстремни температурни промени, ретко може да се забележат . Во Европа, нивниот број опадна за 17 проценти од почетокот на 20 век.

Според научниците, „климатскиот хаос“ е главниот виновник за намалувањето на бројот на бумбарите.

„Овој пад се должи на тоа што видовите се принудени да издржат температури што порано ги немало. “, вели водечкиот научник во студијата Питер Сорој, од Универзитетот во Отава, кој посочува дека исчезнувањето на  бумбарите во одредена област значи дека тие или се преселиле или изумреле.

Последните пет години беа најтопли во последните 14 децении.

Фактот дека бројот на бумбари е намален е сериозен проблем за животната средина, бидејќи нивните можности за опрашување ги бараат многу растенија.

Плус, постои економски проблем - според некои проценки, бумбарите придонесуваат со повеќе од 15 милијарди долари во американската економија со опрашување на обработливото земјиште.

Климатските промени не се единствениот фактор што придонесува за падот на бројот на инсектите. Загрозени се и од неониотиноиди, пестициди кои се многу токсични за сите видови пчели, како и со уништување на живеалиштата со претворање на одредени диви области во обработливо земјиште, ширење патогени и ослободување на не-домородните пчели кои се доведени во специфични области заради опрашување.

притисни ентер