Надежи за датум има, дали Европската комисија може да ги убеди лидерите на ЕУ?

Позитивни пораки преку кои се реафирмираше досега ветеното за Македонија – вака дел од аналитичарите во земјава ја оценуваат вчерашната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Зоран Нечев од институтот за демократија вели дека постои можност целиот процес да се заврши и пред загребскиот самит во мај, односно Македонија да ги започне преговорите во март. Сепак, предупредува дека пораките од Вархеји треба да се земат со претпазливост, бидејќи конечната одлука за почеток на преговори не зависи од Европската комисија туку од Европскиот совет.

Нечев вели и дека во периодот што следувамора да се работи и на реформите кои од земјава ги бара официјален Брисел, иако како што вели условите не одат во таа насока. Реформската агенда на земјава беше дел и од вчерашните разговори на еврокомесарот Вархеји со државно политичкиот врв во земјава, особено законот за јавно обвинителство за кој кажа дека очекува да биде донесен пред изборите во април.

По Македонија, Вархеји денеска е во посета на Албанија, од каде исто така изрази надеж дека преговорите за членство би ги започнале и пред самитот во Загреб. Вархеји по средбите во Тирана, порача и дека по примерот за Македонија, од Европскиот парламент побарал 28 милиони евра помош за Албанија.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков во ВМРО-ДПМНЕ

Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.

А ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже.

СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница.

Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков.

Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми

Владата зема 2 милијарди заеми, а тие пари не се стигнати кај фирмите.

Денес во Битола остваривме средба со претставниците на Стопанската комора, и да видиме кои се состојбите. За жал состојбите не се охрабрувачки. Гледаме дека стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми.

Мислиме дека изминатиов период тие најавени 2 милијарди евра кои владата ги зема, се задолжи и ги потроши, за жал не покажуваат ефекти во стопанството. Што не доведува до заклучокот, дека она што го кажа вицепремиерот за економски прашања дека 350 милиони евра се само искористени во стопански цели, додека другите веројатно се искористени во непродуктивни или коруптивни цели, а не во интерес на стопанствениците или вработените.

Цениме дека Битола во моментов се наоѓа на маргините на невниманието на локалната и на централната власт и доколку се продолжи со ова невнимание и запоставување на општината може да има уште поголеми и потешки последици од стопански аспект, но и поголемо иселување, а бирото за вработување да ја зголемува бројката на невработеност.

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Приведени две лица од Велика Британија, приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје", вчера во 04.30 часот поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија.

МВР денеска информриа дека тие биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

притисни ентер