Десетици повредени , меѓу кои и новороденче во пожар во луксузна зграда на Менхетен (ВИДЕО)

Најмалку 26 лица се повредени во пожар во луксузен станбен облакодер рано утрово на Менхетен, Њујорк. Меѓу повредените е новороденче старо една недела.

Пожарот избувнал околу 2 часот по полноќ во кујна на стан на 24-ти кат на 41-катниот облакодер на Менхетен.

Сопствениците се обиделе да избегаат, но се онесвестиле поради чадот, оставајќи ја вратата од станот отворена, така што огнот продолжил да се шири низ зградата.

„Отворената врата на станот целосно го смени текот на пожарот. Наместо само запалена кујна, огнот се рашири на горните катови на зградата“, рече началникот на противпожарните единци Џозеф Феранте.

Од 22 повредени станари, 18 завршија во болница, а двајца се во критична состојба. Повредени се и четворица пожарникари. Пожарот бил изгаснат во 03:24 часот.

притисни ентер