Отказ за вработениот во Централен регистар кој им се заканувал на новинарки

Поранешниот вработен во Централниот регистар Емил Јакимовски кој изминатите неколку дена е во фокусот на јавноста, пред се, поради закани кон новинари денеска доби и пријава во МВР.

По апелот на министерот во техничката Влада, Наќе Чулев, случајот попладнево е пријавен од двете новинарки, а од полицијата велат дека ќе постапат согласно законите, како и дека работат на целосно расчистување на случајот.

-Примени се пријавите од двете новинарки. МВР ќе постапи по пријавите, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Освен кон новинари, Јакимовски изминатиот период закани упатувал и кон дел од колегите, како и кон директорката на Централниот регистар Марија Бошковска - Јанковиќ. Тој вчера доби отказ од работното место во институцијата, поради суштествени повреди на одредбите од колективниот договор, односно дека ги прекршил одредбите од договорот за вработување, според кои вработениот задолжително треба да го чува угледот на работодавачот.

-Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот.

Името на Емил Јакимовски започна се почесто да се споменува во јавноста, откако новинари и вработени во институцијата јавно проговорија дека од него континуирано добиваат закани. Од централниот регистар вчера кажаа и дека се сомневаат дека Јакимовски стои зад објавите на Фејсбук страницата на институцијата, на која осамнаа статуси со навреди и обвинувања кон директорката.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

притисни ентер