Ново рочиште за „ТНТ" и покрај преписките меѓу адвокатите, Судот и Судскиот совет

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано ново рочиште за предметот „ТНТ"

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано ново рочиште за предметот „ТНТ" за уривањето на комплексот „Космос" на бизнисменот Фијат Цаноски и покрај преписките меѓу адвокатите, Судот и Судскиот совет околу истекот на мандатот на поротничката Лилјана Ивановска Кочовска, која е дел од судечкиот совет за овој предмет.

Одбраната очекува денешното рочиште да биде одложено, бидејќи адвокатот на обвинетиот поранешен градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, Јовица Страшевски е на одмор. Но, претседателот на Судот одлучи на негово место да назначи адвокат по службена должност, кој и претходно бил ангажиран како бранител на обвинетиот Трајковски.

Адвокатот на една од обвинетите во „ТНТ", Мерџан Дауити вчера во соопштение го прозива Судскиот совет да не молчи. – Во текот на утрешниот ден охрабрете се, не потклекнувајте на никакви притисоци, закани, уцени или ветувања. Донесете законита одлука во интерес на владеењето на правото, напиша Даути.

По серијата отворени писма од адвокатите Јовица Страшевски и Мерџан Даути одговори и реакции пристигнаа од Основниот кривичен суд Скопје, Судскиот совет, Министерството за правда, Здружението на судии и Адвокатската комора.

Основниот кривичен суд Скопје апелираше до Адвокатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон Судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот „ТНТ" повеќе да не се појавуваат на судења бидејќи со тоа ќе направат кривично дело.

Судскиот совет на РСМ го осуди однесувањето на адвокатот Страшевски, бидејќи како што наведуваат во соопштението, Страшевски покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот „ТНТ"', да ја преземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото чиј сегмент е и принципот на судење во разумен рок.

Од Судскиот совет информираа дека барањето на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мандатот на судија-поротник било ставено на дневен ред на 328-та седница на Судскиот совет од 25.12.2019 година. – Дел од точките од дневниот ред беа одложени за 30.12.2019 година. Поради немање кворум за одлучување и потребата материјалите да бидат доставени на увид и проучување на новоизбраниот член на Советот, седницата се одложи за 27.01.2020 година, се додава во соопштението објавено на веб-страницата на Судскиот совет.

Министерството за правда со апел до носителите на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – тоа да биде санкционирано.

– Апелираме сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите, да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – истото да биде санкционирано. Министерството за правда досега не коментираше актуелни судски постапки и останува на тој став, почитувајќи го принципот на немешање на извршната во судската власт, стои во реакцијата од Министерството.

Адвокатите на обвинетите на неколку рочишта за случајот „ТНТ" укажуваа на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Лилјана Ивановска Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 и дека според Законот за кривична постапка, доколку дојде до каква било промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток.

Сепак, постапката продолжи и беа одржани неколку рочишта и по 24 декември, а судечкиот совет, укажуваше на фактот дека не е во нивна надлежност да одлучуваат за престанок на мандат на судија поротник и оти тоа е прашање на Судскиот совет.

Најостра осуда на нападите врз независноста на судството стигна и од Здружението на судиите, кое ги повикува надлежните институции да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава.

Од Здружението на судии ги осудуваат сите видови опструкција на правдата, повикувајќи ги сите надлежни институции во рамки на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава.

По прозивките се огласија и од Адвокатската комора на РСМ. Во соопштение до медиумите посочија дека ќе го достават сите докази за овој случај до дисциплинските органи на Комората, кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат.

Во меѓувреме поротничката Лилјана Ивановска Кочовска поради заканите да не се појави на рочиштата за „ТНТ" поднесе оставка, по што доби обезбедување. – Неспорен е фактот дека судијата – поротник побара прием кај претседателот на Судот на кој му се пожали дека добива закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека Судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – поротоник и доколку е неопходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет, соопштија од Судот.

Во предметот „ТНТ" обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. /МИА

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

притисни ентер