Украина доби пристап до црните кутии на соборениот патнички авион во Иран (ВИДЕО)

Иранските власти им дозволија пристап до црните кутии на украинските експерти кои ќе ги испитаат причините за падот на патничкиот авион.

Додека Киев не исклучува никакви хипотези, Иран ги отфрла изјавите на некои земји, особено на Канада, дека Боингот 737 бил погоден од ракета.

„Нашиот тим сега доби пристап до црните кутии и планираме наскоро да започнеме со реконструкција на разговорите снимени на нив“, рече украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко на прес-конференција.

Пристајко изјави дека украинските иследници имаат „целосна соработка“ од Техеран и „целосен пристап“ до остатоците на местото на несреќата и комуникацијата на пилотот со иранската контролна кула.

Киев испрати педесет експерти во Иран за да ја испитаат несреќата на авонот на авиокомпанијата „ Украина Интернешнл ерлајнс“ што полета за Киев и се урна во средата, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот, претежно Иранци и Канаѓани , како и единаесет Украинци.

Несреќата се случи неколку часа откако иранските ракети пукаа кон две американски бази во Ирак, како одговор на атентатот на иранскиот генерал Сулејмани во напад на САД неколку дена претходно.

САД, Канада, Велика Британија и Холандија оценија дека Боингот е соборен од иранска ракета, што Техеран енергично го негира.

„Едно е сигурно, авионот не беше погоден од ракета“, им рече на новинарите претседателот на иранската организација за цивилно воздухопловство Али Абеџеде.

Министерот за надворешни работи на Украина денеска изјави дека „не отфрла никаква претпоставка“. Ако се потврди дека причина за несреќата била ракета, Киев ќе бара казна за виновниците и обештетување, додаде тој.

„Ние прво ќе ги собереме сите информации, а потоа ќе извлечеме свои заклучоци“, додаде тој, истакнувајќи дека тој сака „фер и непристрасна“ истрага.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер