Промена на власта во Грција, но без промена на ставот за Договорот од Преспа - Канал 5

Промена на власта во Грција, но без промена на ставот за Договорот од Преспа

Политички препукувања, влијание врз изборните резултати, загуба за малите партии, промена на политичката сцена, целосно или делумно предизвика Договорот од Преспа на грчката политичка сцена во 2019.

Промена на власта во Грција, но без промена на ставот за Договорот од Преспа

Минатата година започна во знакот на решението на проблемот меѓу двете земји, со оглед на тоа дека топката се префрли на грчки терен, а по ратификувањето на Договорот следеше и бурен предизборен период, три изборни процеси, изборен пораз на СИРИЗА и промена на власта во Грција, промена која не донесе и промена во ставот во однос на Договорот ,јави дописничката на МИА од Атина.

Иако Нова демократија, во предизборниот период настапи со остра реторика за Договорот, по преземањето на власта, ја омекна позицијата, поддржувајќи со ставот дека земјата има континуитет, Договорот е веќе потпишан и ратификуван, а Грција ќе го почитува како што и од другите бара да се придржуваат кон меѓународното право (политиката во однос на Турција). Кусо по француското вето за доделување датум за членство на Македонија во ЕУ, грчката дипломатија се активираше со иницијативи за поддршка и промоција на европската перспективата на Скопје и Тирана.

Грција помина „жежок" почеток на 2019. Во период помал од еден месец, парламентот имаше три критични гласања: за доверба на тогашната влада, за ратификација на Договорот од Преспа и за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Ципрас како премиер „го загуби" коалициониот партнер Каменос, Река и Независни Грци останаа без пратенички групи, пратеници кои го поддржаа Договорот се соочија со сериозни закани по нивните животи, нападнати домови со молотови коктели.

А од нападите и заканите не беа поштедени ниту новинарите и фоторепортерите на протестот во Атина, неколку дена пред ратификацијата на Договорот, кога се случија сериозни инциденти.

2019 беше година која донесе и важни промени за Македонија и Грција, по стапувањето на сила на Договорот од Преспа. Во двете земји канцелариите за врски се подигнаа на ниво на амбасади, беа изгласани одлуките за отворање на два нови гранични премина, Грција прва го ратификуваше Протоколот за наше членство во НАТО, а грчки премиер прв пат беше во официјална посета на Скопје.

На 25 јануари 2019 грчкиот Парламент, по над 38 часа жестока дискусија, со 153 гласа „за", 146 „против", а еден воздржан го ратификуваше Договорот од Преспа.

Договорот од Преспа ги раздели Ципрас и Каменос

На ратификацијата ѝ претходеа низа настани во Грција. Алексис Ципрас и СИРИЗА останаа без коалициониот партнер во владата Панос Каменос и неговата партија Независни Грци.

По средбата Ципрас – Каменос во премиерската палата на 13 јануари 2019, лидерот на Независни Грци соопшти дека се повлекува од владата образложувајќи дека „прашањето на Македонија не му дозволува да не ја жртвува фотелјата" и си даде оставка од позицијата министер за одбрана. Тогашниот премиер, рече дека продолжува ва со надеж дека неговата влада ќе го истурка четиригодишниот мандат и затоа по бара поддршка од парламентот.

– Ја донесов одлуката, го известив претседателот на Парламентот дека набргу ќе пристапиме кон процесот предвиден од Уставот и правилникот на Парламентот, за обновување на довербата на мојата влада, за да одиме напред со апсолутно мнозинство, рече Ципрас во изјавата по средбата со Каменос.

Па така, кусо пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот Парламент, тогашниот грчки премиер, побара и доби доверба од пратениците. Ципрас остана без коалиционен партнер, но со помош на неговите 145 пратеници, четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци успеа да добие доверба од Парламентот.

Во тој период, во текот на јануари, Договорот од Преспа и македонско – грчките односи беа главна тема во медиумите во Грција. Весниците беа преплавени со анализи и натписи за влијанието на решението меѓу двете земји врз внатрешно – политичките случувања во Грција, во дебатните и информативните емисии на грчките телевизии пратеници од сите партии, експерти и новинари дискутираа на тема Договорот од Преспа.

Непосредно пред почетокот на расправата во парламентот за ратификацијата на договорот, атмосферата во Грција беше особено вжештена.

Закани преку телефон до пратениците кои го поддржуваа решението меѓу двете земји од една страна, протест против договорот во центарот на Атина од друга и кампања од владата за промоција на Договорот од Преспа од трета страна.

Под слоганот „Македонија значи Грција", т.н. „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија", на 20 јануари 2019 организираше протест на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент против Договорот од Преспа.

Протестот на кој, според грчката полиција, присуствуваа околу 60 илјади граѓани помина со сериозни инциденти. Најмалку 40 лица беа повредени од кои 25 полицајци, еден фоторепортер и еден снимател, а уапсени беа седум лица.

Нередите што траеа околу три часа, започнаа кога група маскирани лица, веројатно радикални десничари и припадници и поддржувачи на Златна зора се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во грчкиот парламент. Со разни предмети, дрва, боја, пиротехнички материјали, ја нападнаа полицијата која за да спречи упад употреби солзавец и шок бомби. Инцидентите набргу се проширија во целиот дел пред Парламентот, но и по околните улици, а не ги прекина ниту дождот. Маскираните лица успеаа да скршат и дел од заштитна ограда пред парламентот, а фрлија и молотови коктели. Додека пак полицијата континуирано одговараше со солзавци.

Грчкиот Парламент по жестока дискусија го ратификуваше Договорот од Преспа

По пет дена активна и на моменти жестока дискусија, прво на дводневната Комисија за надворешни работи и одбрана, потоа на маратонска пленарна седница во траење од 38,5 часа, грчкиот Парламент на 25 јануари 2019 го ратификуваше Договорот од Преспа.

Гласањето помина без изненадувања, онака како што и се очекуваше- 153 пратеници гласаа „за", 146 „против", а еден беше воздржан.

По ратификацијата, Алексис Ципрас говореше за историски ден за Грција и Балканот, а Кирјакос Мицотакис за тежок и тажен ден за Грција.

Тогашниот грчки премиер рече дека „се роди една нова земја на северната граница, Македонија, која ќе биде земја пријател и сојузник на Грција".

Лидерот на тогаш, опозициска партија Нова демократија, рече дека ратификацијата значи за прв пат, „од грчката влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје".

Две седмици по ратификацијата на договорот, со 153 гласа „за", 140 „против" и еден воздржан Парламентот на Грција, го ратификуваше и Протоколот за членство во НАТО.

Ципрас за МИА: Грција и Македонија мора да бидат партнери и сојузници

Политичкиот „земјотрес" што Договорот од Преспа го предизвика на грчката политичка сцена, отвори дискусија за евентуалното влијание врз изборниот резултат на европските и локалните избори што се одржаа четири месеци по ратификацијата на договорот.

-Кога решавав за Договорот од Преспа и некои се прашуваа луд е овој? Зошто го прави тоа? Ќе ги загуби изборите, донесов одлука со целосно сознание дека е итно да се надгради улогата на земјата, рече поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена" кон крајот на декември, а на коментарот на новинарот дека Договорот од Преспа беше една од причините што ги загуби изборите, одговори позитивно.

За политичката цена говореше и во ексклузивното интервју за МИА додека се уште беше премиер, на месец и половина откако Договорот од Преспа стапи на сила и на само еден ден пред посетата на Скопје, што воедно беше и прва официјална посета на претседател на владата на Грција на нашата земја.

-Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност – моја и на Зоран- е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња, рече во интервјуто објавено на 1 април 2019.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас, потенцираше дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји, рече дека Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници, упати порака дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Скопје има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.

– Тоа е посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји. Грција и Македонија мора да бидат партнери и сојузници. Освен тоа, резултатот од Договорот од Преспа не е само решавањето на прашањето за името и отклучување на европската и евро- атлантската перспектива на Северна Македонија. Договорот ги постави темелите за воспоставување на силни билатерални односи што предвидуваат соработка и на меѓународно, европско и регионално ниво, рече тогашниот грчки премиер.

Во однос на вратоврската што во Преспа ја доби од неговиот македонски колега, Ципрас рече дека не му е во плакарот, туку во фиоката од бирото, за да го потсетува на историскиот момент, „на храбриот чекор напред за пријателство и соработка на нашите народи, што беше потпишувањето на Договорот од Преспа".

Интервјуто на Алексис Ципрас за МИА, воедно беше и прво интервју на претседател на владата на Грција во изминатите 10 години.

Ден по разговорот за МИА, тогашниот грчки премиер заедно со делегација од 10 министри пристигна во официјална посета на Скопје.

Помалку од два месеци подоцна, на 26 мај 2019 го имаше и првиот тест пред граѓаните – европските и локалните избори, на кои СИРИЗА загуби, а Ципрас донесе одлука да оди на предвремени парламентарни избори. Избори кои донесоа и промена на власта кај јужниот сосед.

Нова демократија како опозиција, беше остар критичар на Договорот од Преспа, а во предизборниот период акцентот го стави на производите од Северна Грција кои го носат името „македонко/и/а", односно т.н. македонски производи и, како што вели и самиот Мицотакис, нивната заштита. Од тогаш опозициската партија се споменуваше дури и вето за почеток на пристапни преговори на Македонија со Европската унија, но и за отворањата на поглавјата.

Откако Договорот од Преспа на 25 јануари 2019 беше ратификуван од грчкиот Парламент, Мицотакис говореше за тежок и тажен ден за Грција, рече дека „ратификација значи за прв пат, од грчката влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје".

Во изјавата за медиумите, тогаш лидер на опозициската Нова демократија, рече дека тие како влада, ќе го искористи правото на вето за интеграција на нашата земја во ЕУ.

– Лично, зборував искрено за големите тешкотии што доаѓаат од спроведувањето на договорот. Но, се обврзав дека ќе останам цврсто на националната должност: нема да го отфрлам правото на Грција да стави вето за интеграција на Скопје во Европската унија. Ќе се борам со сите мои сили за да ги ублажам негативните последици кои е сигурно дека ќе произлезат од проблематичниот договор, рече Мицотакис кон крајот на јануари.

Во пресрет на изборите и веројатноста опозициската партија да дојде на власт, многумина во Грција се прашуваа каков ќе биде ставот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа, со оглед на критиките за договорот и жестоката реторика во Парламентот за време на ратификацијата

Кусо пред изборите на 7 јули 2019, експерти од Грција и Македонија за МИА анализираа дека Нова демократија како влада нема да го оспори и ќе го почитува Договорот од Преспа. Прогнози што се покажаа точни, со оглед на тоа дека и покрај острата реторика за договорот, по преземањето на власта, Нова демократија ја омекна позицијата, поддржувајќи го ставот дека земјата има континуитет, договорот е веќе потпишан и ратификуван, а Грција ќе го почитува како што и од другите бара да се придржуваат кон меѓународното право (политиката во однос на Турција).

Ставот на актуелната влада, но и на самиот грчки премиер, според јавните говори и изјави е дека тие, како опозиција предупредувале што значи потпишувањето и ратификувањето на договорот и направиле сѐ за тоа да се спречи.

Само 10 дена по изборите, во Атина, во организација на „Економист" се одржа „23та тркалезна маса со грчката влада", каде што, на панел дискусија за Договорот од Преспа и регионот, учествуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој го имаше и првиот контакт со министри од новата грчка влада, односно со алтернативниот министер за надворешни работи и министерот за одбрана на Грција, кои беа дел од дискусијата.

Воедно, панел дискусијата беше и прва можност, новите министри од новата грчка влада, јавно да излезат со став во однос на Договорот од Преспа.

– Моето мислење е дека за овој договор да опстане и да произведе позитивни резултати ќе треба и двете страни да бидат посветени во почитувањето и задржувањето на суштинските условите на договорот, рече тогаш министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос .

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за впечатоците од првото патување во Атина по изборите во Грција, но и за впечатоците од првите контакти со членовите на новата грчка влада, во разговор со дописничката на МИА од Атина рече дека ќе биде потребно да се работи на градење доверба, изрази надеж дека започнатиот ритам на средби со претходната, ќе продолжи и со новата влада, коментираше дека Грција треба да ги поддржи пристапните преговори на Македонија со ЕУ и потенцираше дека европеизацијата на нашата земја ќе има позитивни ефекти и за Грција.

Контактите и билатералните средби започнати со претходната и продолжија и со новата грчка влада, со оглед на тоа дека шефовите на дипломатиите остварија низа средби, а Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев се сретнаа два пати, еднаш во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН и еднаш во Солун, а Никос Дендиас го посети Скопје.

Грчката дипломатија се активираше со иницијативи за ЕУ перспективата на Скопје и Тирана

Кусо по француското вето за доделување датум за членство на Македонија во ЕУ, грчката дипломатија се активираше со иницијативи за поддршка и промоција на европската перспективата на Скопје и Тирана.

Иако предизборно Нова демократија споменуваше вето за ЕУ иднината на нашата земја, сега Атина стана еден од најголемите наши поддржувачи.

Со посетата на Скопје на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија и екстровертност, Костас Франкојанис на 26 ноември минатата година започнаа низата активности и иницијативи на Атина.

– Во рамките на грчката стратегија за Западен Балкан, грчката влада има намера да преземе конкретни иницијативи за поддршка на европската перспектива на земјите од регионот, со цел консолидација на безбедноста, зајакнување на стабилноста и развој на просперитетот на поширокиот регион, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на брифингот со грчките новинари и странските дописници кон средината на ноември, кусо пред посетата на Дендиас и Франкојанис на Скопје.

Гениматас тогаш спомена дека се планира, во февруари годинава да се одржи квадрилатерална средба на која ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, а на почетокот годинава да се организира Самит на земјите членки на ЕУ со земјите од Западен Балкан 5+1, односно, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Во рамките на грчката иницијатива беше и неформалниот работен појадок на шефовите на дипломатиите од ЕУ и од Македонија и Албанија што се одржа на 9 декември 2019 во Брисел, по иницијатива на Грција.

Грчки дипломатски извори тогаш брифираа дека поминал во многу подобра клима од претходни неформални состаноци со европски министри во рамките на грчките напори да им се помогне на двете земји да добијат датум, а како особено важен факт, истите извори, го споменуваат учеството на 20 министри.

Истите извори тогаш истакнаа дека Атина ќе направи сѐ што може за да им помогне на двете земји на патот кон ЕУ.

Дендиас за МИА: Грција e цврст поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија

Цврста поддршка за европската перспектива на Македонија, изрази министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во ексклузивна изјава за дописничката на МИА од Атина на ден пред неговата прва посета на Скопје на крајот од ноември минатата година.

-Нашата поддршка за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ за што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Македонија, не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира дека од страна на Грција, ќе има цврст поддржувач во овој нејзин обид, порача Дендиас.

Истакна дека посетата е во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО" и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската унија во не толку далечната иднина"./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пензионер преку ноќ станал милионер- не знаел дека чува богатство на таванот

Пензиониран молер стана милионер откако ја продаде својата колекција од картички „Покемон“ на аукција.

Пензионер преку ноќ станал милионер- не знаел дека чува богатство на таванот

Човекот од Вокинг рече дека немал поим дека картите имаат вредност сè додека не прочитал во локалниот весник дека една карта е продадена за повеќе од 6.000 фунти.

Неговата колекција, која стоела на таван 15 години, беше продадена на аукција од „Евебенкс“ во среда за 1,56 милиони фунти.

Аукциската куќа со седиште во Сари тврди дека ова е највредната аукција на карти за размена што некогаш се одржала во Велика Британија и вели дека можеби соборила европски рекорд.

„Знам дека луѓето често зборуваат за наоѓање богатство на таванот, но во мојот случај тоа е буквално вистина“, рече пензионерот, кој побара да не биде именуван.

„Кога мојот син беше мал, кон крајот на 1990-тите, тој почна да собира карти и да ги тргува во училиште.

Мислев дека изгледаат кул и се прашував дали би можеле да бидат добра инвестиција.

Тој имаше свои карти, но за среќа не му беше дозволено да ги допира.“

„Покемон“ е јапонска франшиза најпозната по своите карти за размена, видео игри и анимирани телевизиски серии.

Човекот рекол дека купил неколку комплетни комплети картички на eBay од продавач во Малезија.

Еден комплет, за кој во тоа време платил 300 фунти, е продаден на аукција во среда за 75.000 фунти.

Картите, сите во папки Покемон изработени по нарачка и сè уште запечатени, биле складирани на неговиот таван откако неговиот син го изгубил интересот за франшизата.

Купувачи од целиот свет

Аукциската куќа „Евбенкс“ изјави дека „сите останале без зборови“ кога човекот им ги покажал своите 42 комплети картички.

„Кога видовме што има таму, сè е во совршена состојба, не можевме да веруваме“, рече Џејмс Спунер, раководител на одделот за колекционерски картички.

Аукциската куќа додаде дека ова е нејзината најуспешна продажба во повеќе од 30 години работење.

Најскапиот предмет на аукцијата бил „Комплетен мастер сет од легендарната колекција“, кој исто така вклучувал картичка од „Чаризард“ во речиси беспрекорна состојба. Се проценуваше дека вреди помеѓу 15.000 и 20.000 фунти, но беше продаден за 100.000 фунти.

Ендру Јубенк, сопственик на Јубенкс, кој лично ја водеше аукцијата од подиумот, им рече на купувачите дека откако ќе заврши сè, тој ќе „легне да се одмори“.

„Подготовката за ова беше неверојатна, а самиот ден не разочара“, додаде тој подоцна.

„Имавме купувачи од целиот свет“

Возбудата беше неверојатна, особено затоа што колекционерите не можеа да поверуваат колку добро е зачувана оваа колекција. Беше обемна, недопрена, комплетна и содржеше речиси секој редок предмет на кој може да се надевате“.

„Беше неверојатно“, изјави тој за Би-Би-Си.

Г-дин Ивбенк додаде дека Покемон моментално е „во огромен подем“.

Тој објасни дека луѓето кои биле млади кога франшизата првпат се појавила сега се во своите 30-ти и 40-ти години и имаат „некакви пари да трошат за работи што ги сакаат“.

„Голем дел од тоа е носталгија“, додаде тој.

„Станува збор за враќање на спомените од детството.“

Г-дин Ивбенк ги повика сите што мислат дека имаат нешто вредно на својот таван да го „изнесат и да го проценат“.

„Ако купите нешто за вашиот син, како што се случи во овој случај, а тој не го сака, можеби треба да го тргнете и да го зачувате, бидејќи никогаш не знаете колку би можело да вреди во иднина“, рече тој.

Рекордната сума постигната со продажбата на колекцијата Покемон го надмина претходниот рекорд, поставен само на 9 октомври во Лондон, кога аукциската куќа Стенли Гибонс продаде вкупно 872.000 фунти, според аукциската куќа Ивбенкс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гревови од младоста: Началникот на армијата на Нов Зеланд поднесе оставка поради „несоодветен однос„

Началникот на Одбранбените сили на Нов Зеланд, Тони Дејвис, поднесе оставка поради, како што рече, „несоодветно однесување“ додека бил командант на единица, велејќи дека ја презема одговорноста за грешките во проценката во минатото.

Гревови од младоста: Началникот на армијата на Нов Зеланд поднесе оставка поради „несоодветен однос„

Тој не даде детали за околностите на однесувањето или кога се случило, објави АП.

Дејвис го информираше министерот за одбрана Пол Голдсмит за својата одлука, која стапува на сила веднаш, објави порталот 1 News. Министерот рече дека причините за неговата оставка се поврзани со прашања поврзани со интегритетот што Дејвис претходно не ги открил и дека неговата позиција повеќе не е одржлива.

„Грешките во проценката беа спротивни на вредностите на Одбранбените сили“, рече Дејвис во соопштението, додавајќи дека жали што не го открил несоодветното однесување кога имал можност.

Голдсмит ги призна 42-те години служба на Дејвис и неговиот придонес во Одбранбените сили, но рече дека околностите на неговата оставка би биле големо разочарување за припадниците на војската.

Началникот на Генералштабот на армијата, генерал-мајор Роуз Кинг, ќе служи како началник на Одбранбените сили до недела, кога заменик-началникот на Одбранбените сили, контраадмиралот Мет Вилијамс, ќе ја преземе функцијата вршител на должноста началник на Одбранбените сили.

Одбранбените сили го упатија прашањето до генералниот инспектор за одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен полицаец ја убил бремената девојка, па инсценирал самоубиство- во судот се изјаснил за невин

Поранешен полицаец од Масачусетс обвинет за убиство на бремена Сандра Бирчмор наводно му изговорил морничава реплика на колега пред да умре, според сведочењето во судница.

Поранешен полицаец ја убил бремената девојка, па инсценирал самоубиство- во судот се изјаснил за невин

Метју Фарвел, поранешен полицаец од Стоутон, Масачусетс, се изјасни за невин за убиствата во февруари 2021 година на 23-годишната Сандра Бирчмор и нејзиното неродено бебе во нејзиниот стан.

Федералните обвинители тврдат дека 40-годишниот Фарвел ја задавил Бирчмор, за која велат дека ја регрутирал и манипулирал кога била дете, а потоа ја исценирал нејзината смрт за да изгледа како самоубиство. Двајцата наводно биле и во романтична врска.

Судењето на Фарвел во федералниот суд во Бостон започна на 9 октомври. Обвинетиот е во август 2024 година, откако смртта на Бирчмор била прогласена за убиство, според списанието „Пипл“.

Во среда, на 21 октомври, детективот од полицијата во Стоутон, Даниел Барбер, сведочеше за разговор што го имал со Фарвел додека возел кон крајот на 2020 година. Според „Бостон Глоуб“, оженетиот полицаец изгледал вознемирен во тоа време. Разговорот се случил околу времето кога обвинителите тврдат дека Бирчмор му пратила СМС порака на Фарвел за да му каже дека ќе имаат дете.

Барбер сведочеше дека Фарвел наводно му рекол: „Треба повторно да го контролирам моето лудило“, објави „Бостон Глоуб“. Потоа Фарвел го уверила, велејќи: „Ќе биде во ред. Ќе биде во ред“, изјави Барбер пред судот.

Друга колешка на Фарвел, детективката од полицијата во Стотон, Сандра Барет, исто така сведочеше во среда дека забележала промена во неговото однесување. Таа рече дека за време на разговор во јануари 2021 година, кога Фарвел спомнала девојка која сакала да ѝ ја открие нивната афера на неговата сопруга, тој наводно ѝ рекол дека „проблемот ќе се реши сам од себе“, објави „Бостон Глоуб“.

Иако ДНК-тестирањето на крајот утврдило дека Фарвел не е татко на нероденото бебе на Бирчмор, СМС-пораките разменети меѓу двајцата, кои беа презентирани на судењето, укажуваат дека Бирчмор верувал дека тој е таткото.

„Навистина немам што да кажам во моментов“ и „Вистински си најлошата личност на светот“ се меѓу пораките што Фарвел наводно ѝ ги испратила на Бирчмор откако му кажала дека е бремена, сведочеше минатата недела специјалната агентка на ФБИ, Хајди Келч, објави „Бостон 25“.

Обвинителите тврдат дека Фарвел се согласил да биде татко на детето на Бирчмор под услов таа да молчи за нивната афера. Според судските документи, тој наводно почнал да ја силува кога таа имала 15, а тој 27 години. Тие се запознале кога таа имала 13 години и била вклучена во програмата „Стоутон Полис Експлорер“, каде што Фарвел волонтирала.

Порано на судењето, поротниците виделе снимки од надзорните камери на кои се гледа маскиран маж, за кого обвинителите веруваат дека е Фарвел, како влегува, а потоа излегува од зградата каде што живеела Бирчмор во ноќта на нејзината смрт. Неколку часа подоцна, сопругата на Фарвел го родила нивното трето дете.

Одбраната на Фарвел тврдеше дека Бирчмор извршила самоубиство, додека обвинителите посочија на пребарувањата на нејзиниот мобилен телефон и фактот дека таа известила 80 луѓе за нејзината бременост, што, според нив, покажува дека се радувала на мајчинството. NBC Boston претходно објави за ова.

Судењето продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер