Западен Балкан останува интересна рута за транзит на илегалните имигранти - Канал 5

Западен Балкан останува интересна рута за транзит на илегалните имигранти

Западниот Балкан се уште останува транзитна рута преку која поминуваат илегалните имигранти, кои потоа се упатуваат кон земјите од Западна Европа. 

Западен Балкан останува интересна рута за транзит на илегалните имигранти

Македонија е под постојан притисок од илегалната имиграција поради нејзината географска положба. Минатата година со мерките кои интензивно се преземаат на границата на Македонија кон Грција има ефекти и главниот миграциски бран е прекинат тука, при што се изнаоѓаат алтернативни рути.

Ова беше истакнато на Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на Националната конвенција за ЕУ во Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Чекајќи на ФРОНТЕКС – Безбедноста на границите низ призмата на различни миграциски бранови".

Според податоците на МВР, во Македонија во првите девет месеци од годинава биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија, покажуваат податоците на МВР. Во однос на земјата на потекло на мигрантите, и оваа година најбројни се државјаните на Пакистан – 6.937, потоа следат државјаните на Авганистан 4.037, Бангладеш 1.879, Индија 1.049 и други.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски рече дека за справување со илегалната имиграција во август 2015 година е донесена одлука за прогласување кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, која континуирано се продолжува.

– За успешно справување со овој предизвик ангажирани се не само граничната полиција, која е интегрален дел од Бирото за јавна безбедност, туку и другите организациски единици од Бирото за јавна безбедност. Сите заедно учествуваат во откривањето и спречувањето на илегално преминување на државната граница и видови на прекуграничен криминал кои се пропратен елемент на илегалната имигрција, како што е криумчањето мигранти и тровијата со луѓе и со оружје, рече Тасевски.

Трпе Стојановски, професор на Факултет за безбедност, истакна дека според извештајот на Анализата на ризици на ФРОНТЕКС, објавен на почетокот на 2019 година, лани се регистрирани над 190.000 спречени обиди на влез во земјите од ЕУ, што споредбено со претходната 2017 година е зголемување за четири проценти.

– Анализата покажува дека Источномедитеранскиот правец познат како Балканската рута во 2018 година бележи за неколку стотини лица помал број на илегални преминувања, односно 50.561 лице, и тоа претежно на зелената територија од Турција кон Грција, рече тој.

Стојановски истакна дека Западен Балкан и натаму останува интересна рута која продолжува да се користи како транзитно подрачје за мигрантите кои доаѓаат кон Европа, и оти во 2018 година со мерките кои интензивно се преземаат на границата меѓу Македонија кон Грција има ефекти и дека главниот мигрциски бран е прекинат тука и се обидуваат да најдат алтернативни патишта.

– Еден од тие алтернативни патишта води преку Грција, Албанија по копно и по море, потоа продолжува кон Босна и Херцеговина, така што миграциските брнови се движат кон Хрватска, и вториот, каде што Србија е идентификувана како собирно подрачје и од таму правците водат кон Унгарија, Хрватска и кон Романија, рече Стојаноски.

Тој посочи дека во 2018 година ФРОНТЕКС воспоставува стандарди за поквалитетно евидентирање и идентификување на мигрантите кои се обидуваат илегално да ја поминат границата и оти тој стандард се однесува и за земјите кои се апсиранти за влез во ФРОНТЕКС.

Според извештајот на Европската комисија, пак, се наведува дека земјава е под постојан притисок заради нејзината географска позиција за илегална миграција. Таму се наведени податоци дека бројот на официјални илегални преминувања изнесувал 16.895 во 2018 година, споредено со 2.831 во 2017.

Марина Митревска, професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозфоскиот факултет на УКИМ, рече дека земјава се соочува со нови предизвици еден од нив е и очекувањето на мигранти, на бегалци, што, според неа, значи дека капацитетите од аспект на безбедноста треба да бидат координирани, синхронизирани во своите активности со главна цел да ја чуваат безбедноста и границата на РМ.

– Во таа насока потребно е да се зајакнат капацитетите на граничните премини, за која цел би било добро се уште да биде активна кризната состојба. Знаеме дека кризна состојба може да прогласи владата во траење до 30 дена, а за над 30 дена тоа е под ингеренции на Парламентот. Во таа насока моја препорака да се продолжи и понатаму времетраењето на кризната состојба, со што се дава можност покрај полицијата, која ја има функцијата во чувањето на граничнте премини, да бидат зајакнати капацитетите и со учеството на Армијата, рече таа.

Митревска оцени дека друго важно прашање е и повикот на германската канцеларка Ангела Меркел за отворање на Германија за еден милион висококвалификувани работници од држави надвор од ЕУ.

– Тоа го отвора прашањето дали тоа значи дека во наредните месеци може да се очекува зголемен бран на мигранти, не само од кризните региони, туку и од државите како што се Мароко и други.. Што значи дека Македонија преку своите владини инстиуции треба да преземе сериозен чекор кон организирање на поголем дел на безбедносните актери, во делот на заштитата на нашата граница и справување со нов бран на мигранти, доколку сето тоа се случи. Во овој дел Република Македонија може да преземе мерки што се однесуваат на превенција, додаде Митревска./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мигрантите на Флорида се сместени во метални кафези во „Алигатор Алкатраз“

Некои мигранти држени во сега затворениот притворен центар „Алигатор Алкатраз“ во Флорида биле држени на отворено во метални кафези, малку поголеми од телефонска говорница, повеќе од еден час.

Мигрантите на Флорида се сместени во метални кафези во „Алигатор Алкатраз“

Некои мигранти држени во сега затворениот притворен центар „Алигатор Алкатраз“ во Флорида биле држени на отворено во метални кафези, малку поголеми од телефонска говорница, повеќе од еден час, а во некои случаи и до два часа, според новиот извештај на инспекторите од Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS), објавува NBC News.

Извештајот е првпат владина агенција на САД да потврди постоење на тесни кафези во притворен центар во Јужна Флорида.

Амнести интернешнл претходно изјави, врз основа на интервјуа со притвореници и посети на центарот, дека кафезите се користеле за казнување и претставувале тортура, што предизвика истрага од страна на Конгресот на САД.

Наодите на инспекторите не отишле толку далеку, но во извештајот се вели дека употребата на такви рестриктивни простори е „многу невообичаена и неконзистентна со стандардите за хуман третман“, објавува NBC.

Инспекторите на DHS утврдиле дека малите метални кутии биле приближно 4 стапки на 4 стапки, или околу 5 квадратни стапки, и биле опишани од персоналот како „смирувачки простори“ каде што притворениците можеле да се оддалечат од другите и да поминуваат време сами.

Просторите беа помалку од половина од минималната површина потребна за објект за притвор на едно лице во центрите за притвор на имигранти.

Смерниците на американската Служба за имиграција и царина (ICE) бараат минимум 3,4 квадратни метри простор по лице.

За споредба, самиците во федералните затвори се околу 80 квадратни метри.

Објектот, со прекар „Алигатор Алкатраз“, беше отворен во јули 2025 година во Еверглејдс и беше изграден од администрацијата на гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

Според договорите меѓу Флорида и ICE, агенцијата требаше да го надгледува спроведувањето на федералните закони за имиграција и сопствените правила, како и директните активности за спроведување на имиграцијата.

Сепак, Министерството за внатрешна безбедност негираше дека има овластување над секојдневното работење на центарот, наведувајќи дека ICE нема договор со Флорида за управување со објектот.

Центарот беше заеднички обиколен од ДеСантис и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во тоа време го опиша како важен за спроведување на политиката на масовна депортација.

Сепак, условите во шаторските единици и изложеноста на притворениците на екстремни временски услови предизвикаа критики од демократите и организациите за права на имигрантите, како и низа судски случаи, а објектот на крајот беше затворен во јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Словачка: Ивана си ги убила двете ќеркички, па го запалила станот- сега се огласи сопругот

Словачка со месеци го следи случајот со ужасната смрт на две девојчиња, Мелани (5) и Бела (2), за чие убиство се сомнева дека е виновна нивната мајка Ивана.

Ужас во Словачка: Ивана си ги убила двете ќеркички, па го запалила станот- сега се огласи сопругот

Таа изјави дека била во лоша ментална состојба, а потоа го обвини својот сопруг Михаил дека се однесувал несоодветно кон нивната ќерка.

Михал (33), сепак, не коментираше за оваа трагедија неколку месеци. Сепак, сега реши да проговори преку својот адвокат. Тој тврди дека изјавите на неговата сопруга се лаги и дека нејзината единствена цел е да му се одмазди.

Прво, Михал го коментира тврдењето на обвинетата Ивана дека забременила додека сè уште била во училиште.

„Мојата свекрва дознала и рекла дека морам да абортирам. И Мишо го сакаше тоа. Се плашев дека ќе ме исфрли од куќата. Молчев и бев многу тажна“, напиша Ивана во е-пошта до медиумите.

Нејзиниот сопруг вели дека не е вистина дека неговата мајка сакала таа да абортира.

„Таа дури и не знаеше дека го планира тоа, дозна подоцна, по абортусот. Се договоривме прво да завршиш средно образование. Те молам, не измислувај“, вели тој.

Дали ја изневерил?

Во текот на целата врска, Ивана имаше чувство дека Михал ја изневерува.

„Мојот прв шок беше што Мичо одби да има секс со мене и сакаше да си легне. Лежев таму и плачев. Морал да имал афера со друга жена на работа“, пишува таа во е-поштата.

Михаил одговара дека ако Ивана мислела дека изневерува, можела да го остави.

Најшокантни беа тврдењата за тоа како Михал наводно ја злоставувал нивната ќерка Мелани. Во писмото, Ивана тврдела дека еден ден влегла во спалната соба и била шокирана.

„Мојот сопруг тајно го масирал грбот и голите задници на нашата мала ќерка Мелани. Немала ни две години. Следниот ден дури и се јавил на пријател преку веб-камера и му покажал како ја масира својата ќерка“, опишува Ивана, која подоцна пронашла фотографии на својот мобилен телефон кои ги избришала.

Михал, сепак, го негира ова.

„Бев многу шокиран од нејзиното лажно обвинување за сексуална злоупотреба со намера да покрене кривична постапка против мене. Зошто не пријави во полиција дека се сомнева во мене дека сум педофил“, одговара тој.

Според Ивана, тој не ѝ дозволил да ја обои косата, да купи облека, намирници, да оди во аптека или други работи.

„Не се сеќавам точно кога, но сакав да ѝ дадам купон за фризер, дури и закажав состанок, но таа одби. Почна да одиш кај бајач кој ти наметна разни мисли, и така ја испланира целата работа, да ме клеветиш, да ги уништиш децата и сè да ми ја префрлиш мене? Го планираше ова речиси две години? Наместо да се разведеш од мене“, напиша Михаил.

Потсетете се дека во август минатата година избувна пожар во стан во предградието на Братислава. Пожарникарите успеаја да спасат двајца возрасни, но за жал беше предоцна за двете девојчиња.

Според информациите, Ивана прво ги убила своите две ќеркички, а потоа го запалила станот. Подоцна таа беше обвинета за особено сериозно кривично дело убиство и кривично дело предизвикување опасност за јавноста.

Општинскиот суд во Братислава потоа ѝ одредил притвор.

Таа моментално се соочува со обвиненија за обете кривични дела, а нејзината пресуда се очекува во октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со големи попусти

Државната енергетска компанија на Обединетите Арапски Емирати „Абу Даби Национал Оил Ко“ (ADNOC) купи милиони барели сурова нафта од ирачката државна нафтена компанија SOMO со попуст, соопштија три извори запознаени со ова прашање.

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со големи попусти

Во август и првата половина на септември, ADNOC беше најголемиот купувач на ирачка нафта преку својот трговски оддел, соопштија извори од ирачката енергетска индустрија. Купувањата на ADNOC го зголемија ирачкиот извоз, кој беше сериозно погоден од војната на Блискиот Исток во последните месеци, објави Ројтерс.

Попусти до 27 долари за барел

Компанијата од ОАЕ се согласи да купи 32 милиони барели ирачка нафта во август, со попусти од 24,90 до 27 долари за барел. Уште 40 милиони барели нафта беа купени во септември, вклучувајќи 10 милиони барели со попуст од 18 долари за барел и 30 милиони барели со попуст од 25 долари, изјави еден од ирачките извори.

Иако ирачкиот SOMO одвои 32 милиони барели од ADNOC за август, енергетскиот гигант од ОАЕ натоварил само 20 милиони барели поради ограничувањата на извозот и неможноста на компанијата за нафта Басра да обезбеди доволно сурова нафта, изјави друг ирачки извор.

Од почетокот на септември, ADNOC натоварил 14 милиони барели ирачка нафта, додаде тој.

Други компании, исто така, купуваат големи количини

Трет извор изјави дека ADNOC купил околу 20 милиони барели сурова нафта од ирачкиот SOMO преку тендер, со попуст од 25 до 27 долари за барел, за испораки во септември и октомври.

Други компании, исто така, купуваат ирачка сурова нафта. SOMO понуди пратки за товарење во август, нудејќи големи попусти, привлекувајќи други купувачи, вклучувајќи ги кинеските државни гиганти PetroChina и Zhenhua Oil, како и француските TotalEnergies и трговците Vitol, Trafigura, Mercuria и Cathay Petroleum, изјавија претходно трговски извори за Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер