Левица: Законот за двојазичност е контра-кохезивен и претставува експанзионистички изблик на албанскиот национал-шовинизам

Конечно се огласи и Венецијанската комисија со негативна оценка по таканаречениот Закон за јазици, со забелешка дека истиот треба да се ревидира и уште еднаш да се преиспита потребата за еден ваков закон.

-Левица, како и претходно, предупредува дека Венецијанската комисија или било кој друг ентитет надвор од Македонија, ниту приближно не може да ги знае проблемите со и околу еден ваков закон. Сметаме дека политички нездрава е демонстрираната некритичност и покорност од страна на македонската јавност кон разните институции од овој вид. Левица во месец февруари оваа година до Уставниот суд поднесе претставка против овој закон, и по 8 месеци од поднесувањето на претставката не е постапено по нашата иницијатива, па затоа пред скоро време поднесовме и Ургенција до Претседателот на Судот – со која бараме повратна информација зошто не е постапено по нашата иницијатива?! Сметаме дека овој закон треба итно да биде повлечен поради серија причини од најразличен вид кои во комбинација крајно негативно ќе се одразат по македонското општество во целина: Прво, Законот е донесен со грубо кршење на сите деловнички процедури во Собранието на РМ и истиот е објавен без потпис од Претседателот на РМ. Понатаму, овој закон е плод на партиските пазарења помеѓу двата криминални партнери од власта СДСМ и ДУИ. Европското знаменце безобразно е искористено каде што не му е местото, само за да во корен се сосече било каква суштинска и јавна расправа. Законот е контра-кохезивен, пред сѐ, поради политичката сегрегација по етнички елементи, како и дополнителното перпетуирање на тие разлики како последица од неговото имплементирање. Законот е експанзионистички изблик на албанскиот национал-шовинизам. Истиот има единствена улога во тоа да ја врати во живот криминалната партија ДУИ, преку реафирмирање на нејзиниот шовинизам. Како што може да се види и од изјавите на вицепремиерот, како партнер во Владата токму од политичката партија ДУИ, дека сите овие години оваа партија е дел од власта единствено преку уцени за „цената на мирот и добрите меѓуетнички односи“?! , стои во соопштението од Левица.

-Идејата за двојазичност ја подрива унитарноста на Република Македонија , и дополнително системски го сегрегира народот. Имено, обратна е логиката на Владата која ја користи за афирмирање на оваа идеја. Законот нема да придонесе кон разбирање, туку напротив кон дополнително недоразбирање. Не помалку важно е тоа дека ваквата идеја внатрешно ја дели и класата на сиромашни на едни наспроти други, додека пак секојдневно сме сведоци како елитата од двете етнички групи совршено функционира кога се однесува на местење тендери, партиски пазари на штета на правдата и економијата и слично – очигледно дека „солидарноста“ помеѓу двете (навидум) различни групи во Владата совршено функционира! Во крајна линија, законот ја замаглува вистината дека бизнис-партиите и корумпираните елити се тие што добиваат сѐ – на наша заедничка сметка! И на крај, имплементирањето на овој закон беспотребно ќе предизвика големи финансиски импликации и ќе биде сериозен товар за институциите, кои и онака се неефективни и неефикасни. И конечно, законот е алиби за сиромаштијата! Тој е лажно претставен како унапредување на културните права на заедниците, додека нивното достоинство – поради неспособната и корумпирана влада – секојдневно се губи во бедата и екстремно лошата социјална состојба на поединците кои се дел од тие заедници. Во држава како Македонија која тоне во сиромаштија, не може да стане збор за никаква друга правда пред да биде исполнета економско-социјалната праведност!

Президиум на Левица

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер