Камчев одговара на прашањата на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски.
Б.Ј: Дали знаете каде се наоѓа вашата торба марка Луј Витон ?
Ј.К: Очигледно кај твоите родители.
Б.Ј. Дали свесно ме наведувавте да ги спомнувам политичарите?
Ј.К. Не во ниту една прилика не ги наведував тие работи, да зборуваш на интерфон со нив.
Б.Ј. Кој ги организираше вечерите во вашиот дом?
Ј.К. Исклучиво ти.
Б.Ј. Дали сте му наредувале на Зоки Кичевскиот да бифе нонстоп во контакт со мене?
Ј.К. Не.
Б.Ј. Што правевте господине Камчев измеѓу 15ти и 20ти март и со кого бевте присутен?
Ј.К. Бев повикан на средба за да ми понудите одредена работа која јас ја одбив. Беше присутна жената која работи кај Бојан дома, Зоки Кичевскиот и министерот за здравство Венко Филипче