Сведочењето на Јордан Камчев за „Рекет“: Имав дојава дека врз мене има ПИ - мерки

Бизнисменот Јордан Камчев го започна своето сведочење во случајот „Рекет“ каде е повикан како сведок на Обвинителството.

Обвинителката Вилма Русковска на почетокот на денешното рочиште го праша Камчев: Кога и од каде сте слушнале дека се води постапка против вас?

-Имав дојава дека врз мене има ПИ- мерки, во август 2018 –та дознав. Дознав од адвокатот Васил Димишков. Средбата се одржа во Систина. Тој ми кажа дека сум под ПИ- мерки и дека доколку сакам да бидам соработник со него треба да платам 100 000 евра, тоа беше за првата информација, а втората ми даде понуда да издејствува поблага казна. Ми ја даде скалата секоја мерка колку чини- какмо на пазар. Јас не сакав да разговарам на таа тема бидејќи знам дека не сум сторил кривично дело и не сум виновен, одговори Камчев.

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет" во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина.

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

„На излез на граничниот премин Јариње се затекнати две лица со руски пасоши (едно машко и едно женско) кои немаа визи на Република Косово, а по проверката е утврдено дека лицата немале влез/излез во Република Косово. Според нив, истите дошле од Ниш, Србија, и завршиле на граничниот премин Јариње. Се претпоставува дека дошле по илегални патишта. По налог на обвинителот, двајцата осомничени се испратени во притвор“, се вели во соопштението.

Во врска со случајот против нив Основното обвинителство во Митровица поднело обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово.

„Основното обвинителство во Митровица за двете приведени лица поднесе обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово, поради сторено кривично дело ‘Неовластено преминување на гранични премини или гранична линија’“, изјави за медиумите портпаролот на Обвинителството во Митровица, Ваљон Претени.

На 30 септември 2022 година, Владата на Косово донесе одлука дека за сите руски државјани, вклучително и оние со дипломатски пасоши, кои сакаат да влезат, транзитираат или престојуваат во Косово, е потребна виза.

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Илјадници навивачи на Спортинг се собраа во главниот град Лисабон и до раните утрински часови денеска го славеа успехот на својот клуб кој по 20 пат во историјата стана фудбалски шампион на Португалија.

Спортинг ја освои титулата откако Бенфика загуби со 2-0 на гостински терен од Фамаликао, со што тимот предводен од Рубен Аморим стекна осум бодови предност на врвот на табелата на два натпревари до крајот на сезоната.

Набргу по поразот од Бенфика, илјадници навивачи се собраа на централниот плоштад во Лисабон, каде што играчите пристигнаа со автобус со отворен покрив и еден по еден се качуваа на големата бина поставена на плоштадот, додека навивачите вееја знамиња и шалови.

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, кој настапува за саудиски Ал Наср, се огласи на социјалните мрежи за да му честита на Спортинг, клубот во кој ја почна својата професионална кариера.

„Честитки шампиони!“ напиша Роналдо на Инстаграм.

Спортинг ја врати титулата три години по последниот трофеј во 2021 година, кога прв пат стана шампион по пауза од речиси две децении. Шампионската прослава во 2021 година се одржа за време на пандемијата на Ковид – 19 и беше во сенка на судири меѓу полицијата и навивачите.

притисни ентер