Акармара, некогаш перспективен рударски град а денес „град на духови“

Акармара, некогаш перспективен рударски град во кој кон крајот на 70-тите години живееле најмалку 5.000 жители, денес има само 35. Овој град затоа со право се нарекува „град на духови“.

Заради неисплатливата индустрија на јаглен, падот на СССР, како и опсадата на градот Ткварчели од грузиските сили на почетокот на 90-тите години, жителите си заминале од градот. Опсадата исто така значела дека Акрмара е отсеечена од остатокот на светот затоа што пости само еден пат кој води само во Ткварчели.

Акармара 413 дена била препуштена сама на себе а храна носеле Русите и сепаратистите со хеликоптери.

Денес градот изгледа страшно, со отпаднати фасади, соголени метални конструкции од згради а бетонот е оштетен или го нема. Во големите згради наместо стотина, сега живее само по едно семејство.

Неколку преостанати луѓе летните денови ги поминуваат шетајќи туристи низ напуштениот град и организирајќи забави на ридовите над градот. Туристите можат да го посетат и напуштениот рудник.

За овој град постоела и идеја да се претвори во ресорт кој би претставувал временска капсула преку која би можеле да влезете во советските 70-ти години кога би го посетиле ова место.

Во градот Акармар навраќаат туристи кои сакаат бизарни локации.

притисни ентер