До нова година поврат на персоналниот данок во земјоделството - Канал 5

До нова година поврат на персоналниот данок во земјоделството

Од следната недела УЈП ќе почне да исплаќа пари како поврат на персоналниот данок за земјоделците.

До нова година поврат на персоналниот данок во земјоделството

На сметките на околу 17 илјади земјоделци ќе легнат околу 80 милиони денари за персонален данок, пари што им ги задржувале откупните центри во текот на 2018 година.

Сите оние кои земјоделството им е основна дејност а оствариле приходи по овој основ не поголем од милион денари ќе си ги добијат парите од персонален данок најдоцна до нова година. До лани земјоделците беа ослободувани од плаќање персонален данок но од оваа година наместо ослободување се врши поврат на задржаните 2% при откуп на сите земјоделски производи.

Услов за УЈП да изврши исплата на персоналниот данок е земјоделецот да нема други приходи.

Земјоделците кои имаат приходи во текот на годината над милион денари задолжително ќе мора да се регистрираат како индивидуални земјоделци, трговец поединец или како правно лице.

Ако приходите надминуваат два милиони денари тогаш ќе мора да се регистрира и како ДДВ обврзник а и министерството смета дека потребно е и прагот од милион денари за пререгистрација треба во иднина да се помести на 2 милиони денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска

Апел до родителите: Навремено вакцинирајте ги децата против морбили

Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска

Епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството за здравство, здравствените институции и општините даваат резултат, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи на западнонилска треска. Податоците покажуваат дека просечното времетраење на болничкото лекување изнесува 14 дена, додека најкраткиот период до испис бил осум дена. Институциите континуирано ја следат состојбата, а координираното постапување на централно и на локално ниво придонесува за нејзино стабилизирање, истакна Клековски.

Директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека во моментот пет пациенти се лекуваат на одделот за интензивна нега. Тројца од нив се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена. Досега 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување.

Министерот Клековски истовремено упати апел до родителите навремено да ја почитуваат вакцинацијата на децата против морбили, имајќи предвид дека опфатот со вакцинација изнесува околу 62 процента.

– Нашата цел е навремено да спречиме можна епидемија на морбили. Вакцините се најсигурната заштита од ова заразно заболување и затоа апелирам родителите да не ја одложуваат имунизацијата на своите деца, порача Клековски.

Потребата од зголемување на вакциналниот опфат е дополнително нагласена поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји. Здравствените власти продолжуваат со внимателно следење на состојбата, координација со сите надлежни институции и навремено информирање на јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Eден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак – судот во Турција донесе преседан

Корисниците на социјалните мрежи во Турција отсега можеби ќе треба повнимателно да размислуваат на што ставаат „лајк“.

Eден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак – судот во Турција донесе преседан

Највисокиот суд во земјата, Касациониот суд, одлучи дека лајкувањето фотографии на припадници од спротивниот пол може да се смета за нарушување на довербата во бракот и да претставува основа за развод.

Според „Хабертурк“, случајот започнал кога брачен пар од Кајсери поднел меѓусебни тужби за развод. Сопругата навела дека нејзиниот сопруг ѝ ускратувал пари, ја понижувал и редовно лајкувал фотографии од други жени. Од друга страна, сопругот ја обвинил за прекумерна љубомора и навреди.

Семејниот суд го прогласил сопругот за виновен и ѝ доделил на жената издршка и надомест на штета, при што како доказ биле земени предвид и неговите активности на социјалните мрежи.

Како резултат на одлуката, жената ќе добива привремена издршка од 500 турски лири (околу 12 долари), месечна издршка од 750 лири (околу 18 долари), како и 80.000 лири (околу 1.884 долари) материјален и нематеријален надомест.

Сопругот се обидел да ја оспори одлуката, но Апелациониот суд ја потврдил пресудата на првостепениот суд, нагласувајќи дека лајкувањето фотографии од други жени може да се смета за однесување со кое се нарушува брачната доверба.

На крајот, Касациониот суд ја потврдил одлуката, со што случајот може да има значење и за идните бракоразводни постапки. Адвокатите во Турција сега анализираат како оваа одлука ќе влијае врз идните случаи на развод.

Со други зборови – во Турција, еден „лајк“ на туѓа фотографија може да ве чини и брак.

Извор: курсив

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар

Вкупно 551 прваче денес за првпат седна во училишните клупи во осумте општински основни училишта на територијата на Општина Центар, со што официјално започна новата учебна 2026/2027 година.

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар

По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети ООУ „11 Октомври“, каде ги поздрави првачињата, родителите и наставниците и им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година.

„Денес е голем ден за нашите првачиња и нивните семејства, ден кој се случува само еднаш и се памети цел живот. И јас добро го паметам тоа чувство кога моите синови Стефан и Борјан за првпат го пречекорија училишниот праг. Денес нашите 551 прваче започнуваат едно од најубавите животни патувања. Ќе учат, ќе стекнуваат нови другарства, ќе го откриваат светот и ќе растат во личности со свои соништа, идеи и вредности. Наша обврска е да им ги создадеме најдобрите можни услови на тој пат“, истакна Герасимовски.

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерките за поддршка на учениците и нивните семејства. Сите првачиња добиваат бесплатни ранци, додека за учениците од прво до деветто одделение се обезбедуваат бесплатни училишни униформи.

Од оваа учебна година започнува и субвенционирањето на оброкот за учениците од прво до трето одделение, со цел до крајот на мандатот оброкот да биде целосно бесплатен. За повозрасните ученици, Општината започнува и со бесплатни екскурзии.

Паралелно, Општина Центар продолжува со инвестициите во основните училишта, подобрувањето на условите за настава, спорт и развој, како и со поддршката на талентираните ученици.

„Сакаме училиштата во Центар да бидат места во кои децата не само што ќе стекнуваат знаење, туку ќе учат да се почитуваат, да си помагаат и да бидат добри луѓе. Места во кои нема простор за насилство и булинг, туку за другарство, толеранција и солидарност. Поддршката на учениците за нас не е само една мерка или еден проект. Таа е наша обврска и инвестиција во иднината на Центар“, порача Герасимовски.

Градоначалникот на првачињата им посака многу здравје, среќа, нови другарства и успеси, а на наставниците и родителите успешна и исполнета учебна година.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер